„Метлата“ прва го смете метлачот кој сметот го фрлаше во Вардар наместо во канта. Експресно си доби отказ за грешката. Замислете така да се ефикасни и брзи, односно подеднакво да важат законите за сите.
Туку прашањето ми е – До кај е процедурата за оставката на Груевски?! Некој одговараше ли за бегството на Груевски? Камчев конечно се доедуцираше ли откако си го доби пасошот? „Вратарот“ Крсто откако отиде во Ватикан, ќе има ли некое патување на наш трошок, на пример во Мека?“, напиша Дехран Муратов на својот Фејсбук профил, откако вработен во „Комуналец“ е избркан од работа заради фрлање на сметот во Вардар, наместо во кантата за отпадоци, снимано од граѓани и споделено на социјалните мрежи.
Д. Т.