• Latest

Дрисла во рацете на хрватски криминалци

June 12, 2019

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го ескалира бомбардирањето, министерот за одбрана вели дека „Газа гори“

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дрисла во рацете на хрватски криминалци

June 12, 2019 14:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Град Скопје денеска одлучи да се раскине договорот со италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ и концесијата да се додели на германско-хрватскито конзорциум воден од „Шолц“. „Шолц“ сега е во сопственост на „Чихо Енвајрментал Груп“, една од најголемите кинески компании за рециклирање. Оваа одлука доаѓа  по предлог на Градот којшто по шест години постапи по насоките на Управниот суд кој тогаш пресече  тендерот да  се врати на повторно разгледување.

Според информациите од Град Скопје, конзорциумот е составен од  германската „Шолц“, хрватската „Ц.И.О.С. доо“ и македонската „Сплендор мак“. Концесијата ќе биде на 35 години, а новите партнери на Градот ќе ги имаат истите обврски што ги имаше италијанската ФЦЛ Амбиенте.

Оваа одлука ја донесе шестчлена комисија формирана од градоначалникот на Скопје, Петре Шилгов. Комисијата која била составена од вработени во Градот и од Министерството за животна средина откако ги евалуирала понудите на трите компании кои во 2012 година поднеле понуди за инвестирање во Дрисла, донеле одлука дека конзорциумот предводен од „Шолц“ има 100 бода, додека италијанската компанија добила само 82, 48 бода. Австриската компанија АСА била дисквалификувана уште пред почетокот на бодувањето.

Еден од сопствениците на компаниите кои го сочинуваат конзорицумот, Хрватот Петар Припуз бил уапсен за местење тендери и злосторничко здружување токму во бизнисот со отпад. Човекот кој ќе треба да се справува со отпадот на депонијата Дрисла во Хрватска нема чисто досие и бил уапсен за местење тендер и злосторничко здружување, информираат од ИРЛ.

Во 2014 година, две години откако прв пат дале понуда за да работат со отпадот на Дрисла, Припуз  бил уапсен под соммнение дека незаконски добил тендер од Градот Загреб. Во случајот обвинет бил и градоначаланикот на Загреб Милан Бандиќ, а сомневањето било дека една од  компаниите на Припуз Центарот за рециклажа „Це-За- Р“ незаконски добила тендер во вредност од 500.000 евра од градот Загреб. Случајот што започнал од тендерот се проширил во сомневање за злосторничко здружување.

УСКОК ги истражувал и сомнежите според кои „злосторничкото здружение“ во кое биле вклучени 19 лица од 2012 до 2017 година со фиктивни смтки за откуп на метален отпад овозможиле да се извлечат 98 милиони куни од претпријатието „Це-за-р“ а со тоа биле намалени даночните основи и биле затаен данок во вредност од 22 милиони куни. Сомневањето било дека отпадот не бил испорачан иако во деловните книги на фирмата бил евидентиран прилив на пари и плаќање. Според обвинението освен што парите биле извадени од фирмата, се друго било измислено.

Последната компанија од конзорциумот Сплендор мак е регистрирана во 2007 година во Македонија. Компанијата е регистрирана со странски капитал, а сопственик е Жељко Перчиќ од Загреб. Главна дејност на фирмата е одвојување на посебно издвоени материјали, а во други дејности набројано е надворешна трговија со прехранбени и непрехранбени производи, посредување и застапување во прометот на стоки и услуги, застапување на странски фирми, реекспорт и други.

Иако Сплендор мак  во Македонија е регистрирана за рециклирање, истиот сопственик во Хрватска има регистрирано фирма Сплендор текстил која според нивната интернет страница изработува војнички и полициски униформи, како и хтз опрема.

Print Friendly, PDF & Email
Share76Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ