• Latest

Адеми: ДУИ со идејата за Албанец премиер ја постигна целта да не се зборува за криманал, корупција и да не им се бара отчет

July 19, 2020
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Адеми: ДУИ со идејата за Албанец премиер ја постигна целта да не се зборува за криманал, корупција и да не им се бара отчет

July 19, 2020 14:02
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

На панел дискусијата на ЦИВИЛ „Постизборни анализи и оценки“, економистот Висар Адеми вели дека на овие избори граѓаните покажаа европски менталитет, за разлика од порано. Адеми смета дека Избирачкиот список треба да се прочисти и да се направи попис, за да се знае колку жители има во државата и колку луѓе имаат право на глас, а потребни се и отворени листи.

„Мислам дека СДСМ беа последните во 2016 без изборна програма, рекоа ние сме добрите дечки, дајте ни го гласот, бидејќи тоа се луѓе што крадат и што ја направија партиската палата поголема од инситутциите и да, имаа право и влегоа без некој голема програма. Мислам дека од тогаш па наваму нема да помине кај граѓанството политичка партија да добие глас без понуда. Тоа се покажа сега и кај Абанците и кај Македонците. Овој број на луѓе што не излегуваат на гласаат не гледаат кај двете партии посебна понуда. Мора да се знае дека оцрнувањето не е кампања. Ако вие влегувате и зборите сè лошо за дргугата партија без да потрошите малку време сумарно да ги кажете тие капитални проекти со кои ќе се подигне стандардот на живеење на граѓанинот, нема да помине и затоа луѓето веќе не излегуваат на гласање. Изморени се, не ги интересира… И ако имаат некоја програма таа е само за да се качи на нивната страна или на Фејсбук. Притоа се спомнуваат проекти што од 1992 година се рециклираат.

ДУИ одигра многу вешто и мудро, според мене, дали е тоа ПР трик или е некое понатамошно преговарање со македонскиот партнер, не знам, но мислам дека многу добро им помогна да не разговараме за криминалот, за корупцијата, за луѓето што се рециклираат 15 години, а ништо не прават, за луѓе  кои не знаат ниту албански ниту македонски, луѓе што не ме застапуваат мене како Албанец, луѓе што немаат направено ништо за Македонија и заради нив се избегани 500.000 луѓе… Многу вешто го направија тоа да не се дискутира на овие теми. Сите се фатија за Албанец премиер и се изгуби таа суштина, а тоа беше целта на ДУИ – да не бараме отчет од нив што е сработено и што е направено.

Јас сум од тие економисти што мисли дека Македонија не е поделена по етничка линија, затоа што овој фискален модел на економија што сме го одбрале е многу интегриран и сам по себе и не може и неможе да се подели.. На пример, вие викате на Албанецот нека му биде лошо во Гостивар, тоа ќе се одрази, ако на Македонецот му е лошо во Свети Николе и на Албанецот во Гостивар ќе му биде лошо, таква ни е политичката консталација и економскиот модел.

Не мислам дека Алијанса за Албанците и Алтернатива се најсреќното решение, ама е некој преоден рок да се стигне во некоја трета алтернатива којашто би ја победил ДУИ.

Сега, на пример, јас не би се осмелил да формирам политичка партија, затоа што ДУИ до толку ги има заробено инситутциите, што секој изборен фалсификат, за мене е како да е тоа нормална работа. Тука вина гледам во македонските аналитичари, што во сите тие сценарија ги гледаат ДУИ како фактор. Но, факт е дека и албанските гласачи се доведени во ситуација да тоа што им следува со Устав работно место, да го бараат од ДУИ“, смета Висар Адеми.

Б. Јордановска

камера и монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share48Tweet30Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ