На панел дискусијата на ЦИВИЛ „Постизборни анализи и оценки“, економистот Висар Адеми вели дека на овие избори граѓаните покажаа европски менталитет, за разлика од порано. Адеми смета дека Избирачкиот список треба да се прочисти и да се направи попис, за да се знае колку жители има во државата и колку луѓе имаат право на глас, а потребни се и отворени листи.
„Мислам дека СДСМ беа последните во 2016 без изборна програма, рекоа ние сме добрите дечки, дајте ни го гласот, бидејќи тоа се луѓе што крадат и што ја направија партиската палата поголема од инситутциите и да, имаа право и влегоа без некој голема програма. Мислам дека од тогаш па наваму нема да помине кај граѓанството политичка партија да добие глас без понуда. Тоа се покажа сега и кај Абанците и кај Македонците. Овој број на луѓе што не излегуваат на гласаат не гледаат кај двете партии посебна понуда. Мора да се знае дека оцрнувањето не е кампања. Ако вие влегувате и зборите сè лошо за дргугата партија без да потрошите малку време сумарно да ги кажете тие капитални проекти со кои ќе се подигне стандардот на живеење на граѓанинот, нема да помине и затоа луѓето веќе не излегуваат на гласање. Изморени се, не ги интересира… И ако имаат некоја програма таа е само за да се качи на нивната страна или на Фејсбук. Притоа се спомнуваат проекти што од 1992 година се рециклираат.
ДУИ одигра многу вешто и мудро, според мене, дали е тоа ПР трик или е некое понатамошно преговарање со македонскиот партнер, не знам, но мислам дека многу добро им помогна да не разговараме за криминалот, за корупцијата, за луѓето што се рециклираат 15 години, а ништо не прават, за луѓе кои не знаат ниту албански ниту македонски, луѓе што не ме застапуваат мене како Албанец, луѓе што немаат направено ништо за Македонија и заради нив се избегани 500.000 луѓе… Многу вешто го направија тоа да не се дискутира на овие теми. Сите се фатија за Албанец премиер и се изгуби таа суштина, а тоа беше целта на ДУИ – да не бараме отчет од нив што е сработено и што е направено.
Јас сум од тие економисти што мисли дека Македонија не е поделена по етничка линија, затоа што овој фискален модел на економија што сме го одбрале е многу интегриран и сам по себе и не може и неможе да се подели.. На пример, вие викате на Албанецот нека му биде лошо во Гостивар, тоа ќе се одрази, ако на Македонецот му е лошо во Свети Николе и на Албанецот во Гостивар ќе му биде лошо, таква ни е политичката консталација и економскиот модел.
Не мислам дека Алијанса за Албанците и Алтернатива се најсреќното решение, ама е некој преоден рок да се стигне во некоја трета алтернатива којашто би ја победил ДУИ.
Сега, на пример, јас не би се осмелил да формирам политичка партија, затоа што ДУИ до толку ги има заробено инситутциите, што секој изборен фалсификат, за мене е како да е тоа нормална работа. Тука вина гледам во македонските аналитичари, што во сите тие сценарија ги гледаат ДУИ како фактор. Но, факт е дека и албанските гласачи се доведени во ситуација да тоа што им следува со Устав работно место, да го бараат од ДУИ“, смета Висар Адеми.
Б. Јордановска
камера и монтажа: Ариан Мехмети