Министерот за образование Арбер Адеми денеска најави дека и по изборите ДУИ ќе бара и ќе преговара со другите партии за премиер Албанец.
„Покажавме дека имаме кадри за водечките државни функции, како што е функцијата претседател на Собранието. Зошто тогаш и премиерот да не биде Албанец“, рече Адеми.
Тој додаде дека и на децата од основно им е чудно што на синоќешната средба за датумот на изборите кај претседателот, нема ниту еден политичар Албанец.