На прес-конференција денеска тој порача дека ќе продолжи дијалогот со СОНК за заедно да ги дефинираат сите идни системски мерки за подобар квалитет на наставата и матертјалниот статус на наставниците. Притоа нагласи дека МОН е на страна на образовната дејност и на наставниците и дека за 10,8 отсто е повисока нивната плата во септември 2019 во однос на август 2018 година, со двете покачувања од по пет отсто лани и оваа година во септември.
Министерот потсети дека новата учебна година ќе почне со нов Закон за основно образование и со Закон за наставници и стручни соработници, кој, како што рече, е фокусиран токму на кариерниот развој на наставниците и нивно соодветно унапредување во законски скалила.
На прашањето за утре најавениот предупредувачкиот штрајк на СОНК министерот одговори дека не се штрајкува кога има одлука за поголема плата.
„Нема причина за организирање штрајк. Го почитуваме правото на штрајк, но наше е да апелираме дека нема потреба. Штрајк се организира во услови кога нема решение. Ние нудиме и имаме решение и одлука за повисока плата“ – рече Адеми додавајќи дека откако ќе се разгледаат сите параметри во Буџетот ќе се знае и за можностите за идно покажување на платите.
Тој им посака успешна учебна 2019-2020 година на околу 260 илјади основци и средмошколци од кои околу 20 илјади првачиња.
Се очекува и прес-конференција на СОНК чиј претседател Јаким Неделков ја закажа по обраќањето на министерот Адеми. СОНК на 23 август донесе одлука за предупредувачки штрајк на првиот училиштен ден (2 септември) зашто не се согласува покачувањето да биде пет проценти, туку околу 25 или онолку за колку што е покажена минималната плата во државата.
На оваа тема, ЦИВИЛ Медиа објави и две колумни: