• Latest
Војо Маневски

Аџамија

February 1, 2021
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Аџамија

Неискусен млад човек, дете што лековерно верува и неодговорно постапува, Толковен речник – Белчев.

February 1, 2021 07:01
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Некои теми се како вирусот Ковид-19. Се пренесуваат бргу врз јавноста и ја преземаат. Последнава недела, излегоа на виделина темите за состојбата со младите со сета силина и реалност. Започна прво во соседна Србија, па продолжи скоро во целиот регион.

Злоупотребата на младите предизвика реакција на целото општество. Во Србија и Хрватска се злоупотребувале идните актерки во елитните училишта, токму од оние што треба да им пренесат знаење и искуство. Кај нас се откри интернет злоупотреба на младите девојчиња за задоволување на воајерската изместеност на исти такви млади лица, но изгледа болеста го зафатила и добар дел од општеството.

Млади луѓе протестираа против судска одлука, без почитување на мерките пропишани за сите и изразувајќи го својот гнев врз објектите на институциите. Иако двата случаи не се премногу поврзани, тие во суштина ја покажуваат состојбата со иднината на оваа држава.

Објаснувања секако ќе дадат познавачите на оваа општествена проблематика со стручни термини и теории. Сепак, тоа нѐ не оправдува нас постарите од прашањата што треба да си ги поставиме. Грешиме ли некаде и каде е нашата вина?

Затоа го одбрав овој термин за младоста што можеби не објаснува, но како почетна основа може да се искористи. Младоста е по својата природа таква, поместува граници што некој друг ги поставил како река која по обилните дождови дотече. Веднаш коритото и е претесно, па се излева секаде каде бреговите се слаби. Ако е преголемо количеството на брзата вода таа се излева и потопува безмилосно сѐ пред неа. Штетите се пребројуваат со години, а и бреговите се поправаат. Кога ќе помине дотокот на вода, реката се смирува, се враќа во претходното корито и тече мирно како и со векови пред тоа. Но коритото, ако се оштети и продлабочи, реката веќе никогаш не е истата, само законитоста на природата ја води да тече во правецот каде што течела водата и пред брзиот и голем доток.

Тешко кон оваа народна мудрост може да се додаде нешто попаметно, освен заклучоците од кои треба да произлезе превенција пред новиот таков доток на брзите води. Убави беа дебатите за слободата и либералното општество во деведесеттите. Убави се и денес, ама само се дебати. Во меѓувреме, девалвиравме многу од вредностите врз кои го градевме општеството, а од новите го прифативме најмногу потрошувачкиот менталитет. Материјалното стана идеологија, вера и начин на живот.

Аџамиите што во крајот на осумдесеттите мислеа дека го менуваат светот, некритички прифаќаа сѐ што доаѓаше од шарениот свет на западните држави. Па оној што имаше два пара чевли (едни за работа и едни за пред свет) сосема нормално прифати да има десет пара, натрупани по плакарите, а носи еден, два пара зашто во тие разгазените најдобро се чувствува.

Телевизор во секоја соба и сите се вклучени, иако се гледаат само серии. И најважното е дека се нема пари за сето тоа, но се земаат кредити, а се правдаме дека такво време дошло. Ќе сторам сѐ моето дете да го има тоа за што јас сонував. Деца сè помалку има во семејството, природната конкуренција меѓу нив ја нема, а едно-две деца се центар на нашите фрустрации и намери. Па ги праќаме на разни курсеви и дополнителни часови за да имаат подобра шанса во животот.

Само, заборавивме дека на децата им требаат граници на новите сонови, искуството од реалноста што ќе ги тера да сфатат дека за остварување на соновите треба труд и одговорност. Тие сега се вклучени на мрежата со светот и  сметаат дека во тој виртуелен свет сѐ е дозволено. Важни се инфлуенсери и лајкови, далечни ликови им стануваат идоли. Ако ги прашаш зошто некој од тие идоли е важен добиваш одговор, гледај само колку поддржувачи има и колку е сакан.

Епа млади мои сограѓани и Хитлер бил почитуван во Германија, а и сакан скоро 12 години. Ама резултатот за Германците што беа го сакале и почитувале е десет милиони загинати нивни сонародници и уште педесет  милиони други во светот. Затоа е неопходна реакција на заедницата.

Злоупотребата на социјалните мрежи е тема за која се дебатира веќе неколку години. Благодарение на разните граѓански здруженија, полека пробива свеста дека мора да се направи сеопфатна акција за да се намали штетното дејство на неодговорните корисници на социјалните мрежи. Најновата случка со Јавна соба го поттикна дури и министерот за правда кој изјави дека ќе се предложи измена на член во Кривичниот закон.

Министре, внимателно со ваквите законски решенија, што се донесуваат под притисок на актуелниот момент. Можат да наштетат повеќе отколку да донесат ред во тој дел на општественото живеење. Овие членови мора да се јасни и применливи. А имаме на стотина доктори по правни науки, голем број на универзитетски професори. За секој случај можете да земете и некој готов текст од странство, што ќе го преведете. Многупати досега преводот на ваквите правни решенија ги правеше неприменливи за наши услови. Можеби решението е во широката општествена дебата. Одговорноста е ваша, последиците се наши.

Она што го видовме на протестот поради судскиот процес Монструм има секако многу објаснувања. Она што јас, како скромен проследувач на настаните го имам како впечаток е – млади луѓе, со премногу гнев. Гнев врз судскиот систем, гнев врз институциите на системот, врз спортските противници, врз другите, различните. Не е тоа ништо специфично за било која нација и народ. Младите се незадоволни како последица на опкружувањето во кое живеат.

Така е во цела Европа, само поводите и масовностите се разликуваат. Но и секоја заедница има своја причина од која нараснува гневот. Гневни се нашиве млади сограѓани и поради нашите заблуди и фрустрации. Ги запишуваме во училиште и се грижиме оценките да се највисоки. Не да знаат најмногу, туку оценките да се високи.

Се знае, притисокот врз наставниците е национална дисциплина. Продолжуваат во средно и таму е иста сликата, еуфемистички се правдаме, голема работа ќе добил диплома од средно, нека не се дели од генерацијата. Високото образование го девалвиравме до ниво на посетување на факултетите што е услов за премин во следната година. Никој од постарите не се самокритикува дека болоњските правила не се добри и не даваат добри резултати. Кога не можат да се вработат, продолжуваат на постдипломски студии и се стекнуваат со знаења што тешко дека ќе можат некаде да ги реализираат. И суровата реалност ги притиска. Имаат дипломи, а имаат неприменливи знаења.

Излезот е партиска книшка и влегување во партија. Таму, сепак, нема место за сите, а и се бара послушност што по природата на работите е спротивна на младоста и нејзината бунтовност. И на крајот потребна е само искра да се запали гневот што го поседуваат. Причините не секогаш се рационални. Ако се победи гневот се фаќа џаде за светот. Морам овде во одбрана на нивната состојба да ги споменам и политичките партии.

Сите се фалат со своите подмладоци како идна основа на нивната номенклатура и кадровска база. Еве едно обично прашање. Се учат ли тие млади луѓе на вредностите на социјалдемократијата, како платформа од која ќе ја водат државата во иднина? Се прифаќаат ли постулатите на конзервативната идеологија како решенија за општествените проблеми? Се разбира партиите им организираат предавања кај разни фондации и теренски обуки. А да прашам каде се тие вредности кога дојдат на власт? Ги спроведуваат ли? Кои им се примерите за операционализација на тие вредности. Слабо фајде ако тоа се актуелните нивни партиски сениори и нивните идеолошки основи. Потврда за тоа се мислењата на граѓаните околу довербата во институциите.

Млади мои сограѓани од сите вери и народи, поместувајте ги границите зошто за вас сега само сонот е граница. Но внимавајте во тоа поместување да не се оддалечите премногу од почетното место, зошто потоа нема да знаете каде да се вратите, а младоста е само дел од животот.

За крај, ќе се обидам да преведам една песна на Арсен Дедиќ чија вистинитост ја сфатив дури кога престанав да бидам млад.

Подаруваше, но и крадеше и неверна беше ти. И, не премногу даруваше ми ти, о младост, о младост моја. Уште преполна со надеж, што ли да направам, на пола пат сум сè уште јас, а веќе други млади стигнуваат в час, о младост, о младост моја.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ