• Latest

Адвокатот Миланов оцени дека нема докази за „Организаторите на 27 април“, главната расправа продолжува на 14 јули

July 12, 2021

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Адвокатот Миланов оцени дека нема докази за „Организаторите на 27 април“, главната расправа продолжува на 14 јули

July 12, 2021 19:46
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со завршни зборови од страна на обвинетиот Миле Јанакиевски на 14 јули продолжува главната расправа за случајот „Организаторите на 27 април“. Денешното судско рочиште заврши со завршните зборови на адвокатот Еленко Миланов, во одбрана на обвинетите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски.

Тој на почетокот се осврна на Законот за амнестија, нагласувајќи дека по сила на закон  обвинението не смеело да ја види „светлоста на денот“, да биде покренато, затоа што Обвинителството ги знаело одредбите на тој Закон.

–  Овој обвинителен акт и оваа постапка не можеше да започне, не можеше воопшто да биде водена, поради Законот за амнестија којшто е прогласен со указ од тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Со овој закон за амнестија се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведени кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казна затвор, лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на РМ од 27 април 2017 година. Се ослободуваат од кривично гонење според КЗ и друг Закон на РМ, лицата за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието од 27 април 2017, наведе адвокатот Миланов.

Додаде дека согласно ставот три од членот 1 од Законот за амнестија, истиот не се однесува за лица осомничени, обвинети, правосилно осудени, како и лица кои издржуваат казна затвор за овие настани за кои пости основано сомнение дека учествувале во подготвување или организирање на настаните во РМ или се правосилно осудени, а кои до денот на влегување во сила на овој Закон сториле кривично дело здружување заради непријателска дејност.

– Овој исклучок за гонење не може да биде применет во овој предмет, затоа што вашата правна квалификација, поставена од Обвинителството и со изменетото обвинение е членот 313, што значи дека не може да се користи овој дел за лица со учество во организирање или подготвување. Законот не се однесува исто така на лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила, лица кои сториле насилство, кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали. Ништо што е внесено во овој исклучок не може да се однесува на ниту еден од овие кои како обвинети се наоѓаат во оваа судска сала и за кои вие постапувате, потенцираше Миланов.

Тој посочи дека Законот за кривична постапка е небулозен, со што Судечкиот совет не може да прекине постапка без одобрение од Обвинителството. На таа основа, побара од Судечкиот совет да донесе ослободителна пресуда.

При изнесувањето на завршните зборови прочита голем број цитати од пратеници кои сведочеле за овој случај.

– Овие искази беа пред вас, ги слушавте и сите тие јасно потврдуваат дека ниту постоеше организација на пратеници, ниту пак таква организација правеле Спиро Ристевски или Миле Јанакиевски. Поради настапување на околности поради кои не постои можност за кривично гонење, односно согласно одредбата 402 став 1 точка 6, барам да го одбиете ова обвинение за Спиро Ристевски и Миле Јанакиевски за коишто тоа го истакнувам во овој нивен завршен збор, но исто така и за Вељановски. Сите докази верувам дека доволно Ве убедија дека овие тројца обвинети не го сториле кривичното дело кое им се става на товар, заклучи Миланов.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ