• Latest
Анџела Агелер

Агелер за црната листа на САД: Се разгледуваат голем број на случаи и повеќе имиња се под проверка

September 12, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Агелер за црната листа на САД: Се разгледуваат голем број на случаи и повеќе имиња се под проверка

September 12, 2024 22:08
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Анџела Агелер

Анџела Агелер, амбасадорка на САД во РСМ, конференција - Украина- две години хероизам“ Фотографија: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Се разгледуваат голем број на случаи и повеќе имиња се под проверка, вели американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер во врска со црната листа на САД.

– Има многу случаи кои се разгледуваат, тоа е секогаш така и како што ќе напредуваат тогаш нас ќе не информира Вашингтон. Можам да ве уверам дека тој процес секако е во тек. Не сум сигурна кога ќе биде објавено следното име или имиња, но можам да кажам дека повеќе имиња се под проверка, истакна Агелер, додавајќи дека не може да прецизира кога ќе биде објавена следната листа со имиња

Како што пренесува МИА, Агелер во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека корупцијата е рак рана во општеството и влијае на сите аспекти на животот во земјава и дека мора да се соочиме со неа.

Корупцијата, вели Агелер, не е застапена само во судството, туку е во секој аспект на животот овде.

– Секаде каде што патувам низ земјата слушам за фрустрацијата на граѓаните од нивото на корупција. Во голем дел зборуваме за добро работење на судството, но како што знаете, корупцијата е во секој аспект на животот овде, таа е во здравството, образованието и влијае врз граѓаните секој ден, рече Агелер.

Во врска со најавите на премиерот Христијан Мицкоски за можно распуштање на двата највисоки правосудни органи Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, Агелер вели дека тоа се одлуки кои треба внимателно да се разгледаат, како и дека постојат препораки и патоказ даден од експерти на Европската унија.

– Европската унија испрати експерти овде да погледнат како може да се реформира Судскиот совет и другите аспекти на судството. Тие дадоа предлози и препораки и знам дека премиерот ги разгледува. Тоа не се одлуки за брзо донесување, туку тие треба внимателно да се разгледаат, какви се импликациите и резултатите од ваквите одлуки, а потоа да се продолжи на претпазлив и внимателен начин. Премиерот имаше изјава дека мисли дека амбасадори се мешаат во внатрешните работи, зборувајќи за реформите во судството и борбата против корупцијата, искрено се надевам дека тој не мислеше на мене, рече Агелер.

Tags: амбасадорката на САД Анџела Агелерборбата со корупцијатацрна листа на САД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ