• Latest
Добро утро со Орданоски

Ах, таа цицка, државна, најслатка!

December 24, 2018

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ах, таа цицка, државна, најслатка!

December 24, 2018 07:45
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Д[/dropcap]ека Македонија не е држава, туку дека се работи за одредена состојба на умот, покажуваат последните недели од 2018 година.

Земете ја, на пример, здружената иницијатива на пратениците со закон да си обезбедат дека, по завршувањето на нивниот собраниски мандат, државата да биде обврзана да им најде работа во државната администрација?!

Ајде што е тоа тотално законски фриволна замисла, бидејќи не се знае според кои критериуми, на какви места и според кои квалификации државата би требало тоа да го прави, иако и сега им следува законско враќање на работното место од каде што заминале за пратеници, односно една година апанажа за да размислат што сакаат да прават со себе во животот… Ајде, уште, што таа иницијатива доаѓа како резултат на тотална бесчуствителност за политичкиот момент кога се предлага, среде постапка на уставни промени и амнестија од која бенефит ќе видат токму една дузина од тие пратеници заради нивната вмешаност во изведбата на обид за државен удар, поради што сите ние голтаме по две-три крастави жаби дневно имајќи го предвид „повисокиот интерес“…

На страна тоа, туку гледајте ја таа состојба на умот: да се величи мајката држава, како врвно место за вдомување невработени?!

Можеби треба, сепак, на социјализмот да му простиме сè и да побараме да се врати?

Всушност, кога ќе размисли човек подобро, 90 отсто од пратениците и доаѓаат од разно-разни државни положби и ухлебија пред да станат претставници на граѓаните во Собранието – ова, всушност, се обидов и да го проверам, но во достапните биографии им нема кој од каде дошол на работа во собранискиот дом. Сепак, неколку десетици од нив се професионални политичари со долги функционерски стажови, а другото се, главно, лекари, нешто инженери и правници и економисти од сите насоки и звања, плус десетина универзитетски наставници… Значи, сите заедно, во најголем дел, на претходни државни/јавни јасли.

За нив веројатно претставува непријатна и самата помисла дека, после пратеничкиот мандат, можеби ќе треба да ја продолжат кариерата на приватниот пазар на трудот?

Патем биди речено, просекот на платите на тој пазар на трудот во Македонија е сè уште помал од просекот на платите во јавниот сектор, што за мене, не претерано интелигентен, отсекогаш била голема непознаница: како може некој, од чиј данок се плаќа платата на државната администрација, да има помала плата од платата на оној што живе од него?! И до кога може тоа така, сметководствено, да трае – надвор од кредитите со кои се задолжува државата, во чиј годишен буџет една од најголемите ставки е, погаѓате: платите на државната администрација?

Од друга страна, можеби со тоа, само по себе, се објаснуваат неколкуте децении тешки реформи на државата? Во тие тргни-застани позиции мора да има не само инвестирани интереси, туку и светоглед кој тешко се менува. Ако ме разбирате што сакам да кажам…

А Заев изгледа минатата недела ме разбра што сакав да кажам и излезе со спротивен став од мојот: тој немало да се кандидира за претседател на државата и покрај тоа што низа аргументи (поткрепени и со статистички наоди) укажуваат дека тоа воопшто не би му била лоша идеја.

Со таа тема (за можноста од претседателска кандидатура на Заев) веднаш се зафатија десетици коментатори, експерти, партиски кујни и, воопшто, еден хор од загрижени за иднината на Македонија и за улогата на Заев во неа. Најголем дел од нив велат: Заев никако за претседател, да си ја заврши работата како премиер!

Ами, добро, ако не сака Заев, нема со сила да го тераме. Всушност, без него на кандидатското ливче, таа претседателска трка ќе биде многу позанимлива. Шансите на сите останати кандидати нагло ќе им пораснат.

Разни емисари веќе шетаат низ Скопје…

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

 

Print Friendly, PDF & Email
Share497Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ