• Latest

Ахмети: Предвремени избори не се решение, имаме многу поважни задачи

November 28, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ахмети: Предвремени избори не се решение, имаме многу поважни задачи

November 28, 2022 16:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мислам дека изборите не се решение за сегашната ситуација, бидејќи пред нас има многу поважни задачи, изјави денеска лидерот на Демократската унија за интеграција, во одговор на новинарско прашање во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување предвремени парламентарни избори следната пролет.

– Треба да се реализира скринингот и да продолжат преговорите со Европската унија. Во овој процес треба да има етничко и меѓуетничо единство, затоа што станува збор за иднината на државата, за иднината на генерациите. И сите треба да инвестираме во таа иднина, изјави Ахмети по денешната Свечена академија по повод Денот на албанското знаме – 28 Ноември.

Во врска со најавите за влез на Алијансата на Албанците во владината коалиција, Ахмети истакна дека целта на таквата идеја е обезбедување на „концентрација во европските интеграции”.

– Целата оваа тема нема врска со теснопартиските интереси. Ова се однесува на усогласување на политичкиот фактор за поголема концентрација во европските интеграции, изјави Ахмети.

Тој додаде дека премиерот Димитар Ковачевски е во преговори со в.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари за ова прашање.

– Се уште не зборувано за детали, најважно е што страните изразиле волја за еден процес кој бара унифицирање и бара координација, истакна Ахмети, додавајќи дека досега не се разговарало за евентуална прераспределба на министерските ресори во Владата.

Говорејќи за денешниот Ден на албанското знаме, Ахмети нагласи дека денеска е значаен ден за сите Албанци, односно дека станува збор за одбележување на значаен настан.

Извор: 24инфо.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Али Ахметиинтеграциипредвремени изборискрининг
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result