Претседателот на ДУИ открива дека премиерот Христијан Мицкоски прв излегол со понуда заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори уште пред „100 дена Влада“, но на втората средба се премислил, бидејќи веројатно предлогот за предвремени парламентарни избори не му поминал добро во базата и кажал дека предлогот за двојни избори веќе не важи и дека ќе се одржат само редовните локални избори во октомври, објави „Слободен печат“.
Ако ексминистерот за економија Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани, Али Ахмети ќе излезе на улица и нема да се врати додека не испровоцира со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори, вели во разговор за „Слободен печат“ лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Тој најави масовни протести за неселективна правда, за поддршка на Бектеши, но и поддршка на протестите на „ангелите“ организирани од родителите и блиските на загинатите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што загинаа 62 млади и околу 200 лица беа повредени.
Ахмети е дециден дека ако се чепне во албанскиот јазик ДУИ ќе повика на бојкот на локалните избори за да не се постигне цензус и гласањето да пропадне.
Извор: Слободен печат