• Latest
Војо Маневски

Ај да пробаме со добра мисла!

October 3, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ај да пробаме со добра мисла!

October 3, 2022 12:59
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

За секоја болест има и лек, само треба да се најде вистинскиот лек. За злото кое нѐ притиска покрај лекот треба и терапија со добра мисла. Ова сме го слушале и од постарите, ама и oд лекарите кога притиснати со некоја болка или болест, бараме помош од нив. Може ли ова да се преслика и врз општествените болести? Ако е болест општата негативност кај мнозинството на наши граѓани, тогаш вреди да се проба и со лекувње на таа болест. За почеток да почнеме со добрата намера и добрата мисла со добар збор. Знам дека циниците ќе кажат дека и патот до пеколот е поплочен со добри намери, ама тоа само је потврдува нивната природа. Позитивна мисла е она што сега како заедница ни е најпотребно. Како лек за сите наши епидемии и пандемии.

Ова е мојот заклучок од предполноќниот разговор со еден мој пријател и доајен на новинарството. Ако затемнуваме ние новинарите, ќе биде темно и мрачно ако се обидеме да најдеме светлост тогаш ќе се осветли барем еден дел од пејзажот. Нема да нѐ биде, ако не сакаме да нѐ биде, а за пропаст секое време е погодно дури и во најсветлиот негов период. Ако не ги истакнеме позитивните појави во општеството и нивните носители, тогаш оставаме место за сите муфлјузи што ни го окупираа животот. Кризните времиња се периоди кога се преиспитуваме себеси како поединци и заедницата во целост. Како поединци можеме кризата да ја преживееме премногу различно и да биде тешко да бараме било која точка на заедништво кога сѐ ќе помине. Солидарноста и заедништвото е темел за утре да градиме иднина.Ирокезите од Северна Америка имаат верување дека секој човек во себе храни два волка.Едниот е добриот волк а другиот е лошиот.Ако човек повеќе го храни лошиот волк и тој зајакне ,тогаш тој ќе го победи добриот волк а човекот станува лош.Ако го храни добриот волк тогаш тој ќе го победи лошиот волк и човекот станува —    добар човек.Од секој човек зависи кој волк во себе ќе го храни

Знам дека моето морализирање нема да ја врати вашата доверба во подобрата иднина, ама вреди да се проба овој пат со добра мисла. „Критизерството не е критика“, ми се враќа во сеќавањето мислата на еден мој некогашен уредник кога се обидував да напишам критика за музиката на еден некогашен рок бенд: „најди начин да ги охрабриш да бидат покреативни, а не да ги разочараш и да не направат ништо“. Да ги охрабриме почитувани колеги креативните наши сограѓани да станат одговорни. За политичките номенклатури што се заглавени во меѓусебната борба да не трошиме многу време. Тие се таму зошто ние во нашата неодговорност за иднината сме ги поставиле на тоа место.

Кога на Наполеон му кажале дека неговиот маршал Мира не дошол на бојното поле, кратко одговорил: „кога од глувче правиш орел тој одозгора ништо веќе не гледа, туку само како да улови друго глувче, зошто му е видикот глувчешки, а не орелски“. Затоа почитувани сограѓани на наредните избори да внимаваме кому му даваме крилја за да не му биде видикот глувчешки.

За партиските навивачи имам еден скромен предлог. Договорете натпревар во некој помасовен спорт и направете натпревар. Едни на едната страна, другите на другата. Навивајте, викајте, пцујте на сет глас. Од ваквиот натпревар сите ќе имаме корист. Ем ќе се види кој е подобар, ем ќе се издува негативната енергија, па после ќе можат да се водат нормални дебати. Ќе се заштедат парите за организација на митинзи и други масовки, па нема да треба да се плаќа од буџетот толкави пари за кампањи. Можностите се големи, ако добро се осмислат таквите натпревари. Само пуштете ја својата имагинација на слобода и ќе видите дека сѐ може да биде весело. И со пејачи и со гурманлуци сѐ во смислата на римската изрека– леб и игри.А кого за претеник ќе го избереме зависи од нас граѓаните.

Ете што е новинарска злоба. Таман напишав дека треба позитивно размислување, ама пустата ограниченост веднаш ме води на крив пат. Партии, па партии, политика, па политика. Ќе го дочекам ли времето кога главни ѕвезди кај нас ќе бидат актери и актерки, пејачки, артисти од различен талент? Ако само чекам изгледа и нема да го дочекам.

Затоа го замолувам најумниот дел од граѓаните и народите што привремено ја населуваат оваа земја и овие води и шуми, да го направат она што од нив се очекува, бидејќи се најскапата инвестиција. Ако сте малодушни вие кој треба да е храбар? Оној што влегува во рудникот и ја одработува нормата на ископана руда или моиве почитувани сограѓанки што работат по конфекциите, тесарите или плочкарите по високите и другите градби?

Знам дека е примамлива среденоста на животот во странство, а поголемата плата е искушение. Овој народ нема пари за тоа, а е немоќен сам да го направи системот да биде функционален, ако вие во чие знаење ги вложил своите скромни средства си заминете без да го вратите вложеното . Лоши момци и неправди има и таму, ама со нив други се занимаваат. Ако вие си заминете кој ќе ги победи нашите лоши момци. На родната поговорка дека поумниот попушта ќе се сведе на владение на просечноста и ништожноста. Патриотизмот на социјалниите мрежи кога ќе се сместите во странство е само перење на нечистата совест.

Академци, господа бесмртници, сега е време да покажете дека сте научници! Не се плашете од безобразлукот на политичарите, предложете решенија, сега кога на овој народ му е тешко. Нема да ви падне круната од глава, ако и за помали хонорари учествувате во телата кои треба да најдат излез од енергетската и економската криза. Вратете му на овој народ дел од она што вложил во вас. Да не трошам простор со истите зборови за универзитетските професори. Ако сте акумилирале знаење сега е време тоа да го покажете. Пренесувајте го знаењето на студентите и научете ги она што го знаете. Не пишувајте само оценки зошто само нивното знаење е потврда на вашата стручност. Покажете добра намера кон општеството во кое творите. Ако сакате напред, мора некои ѕидови да се срушат.

Мораме да имаме судски систем што ќе го намали криминалитетот и корупцијата Тоа е императив во целиот следен процес на преговори со Европа. Како мелодија на шлагер го слушаме ова одамна, а во последниот месец на исчекување на новата американска амбасадорка тоа ни стана џингл меѓу разните информации за домашната сцена. Во сите длабокоумни книги пишува дека е најтешко да се суди за карактер и да се дели правда. Па затоа само шестотини наши сограѓани носат тоги и титула судија. Никој освен нив не може да се избори за пристоен судски систем што ќе го почитува законот. Ниту една комисија за реформи, ниту било кое министерство. Покажете ваша чесност дека сте дел од избраните. Сами победете го лошото во судството и обелете си го образот. Вашата стручност и висок морал нека ги победи судиите малверзатори. Ако сѐ повеќе потонува нашата држава и целото општество, пропаѓате и вие. На пуст остров ли ќе ги трошите пензиите или ќе ги гледате потемнетите лица на своите сограѓани и роднини останати без приходи со семејства распрснати по светот??? А требало да го спроведувате законот и да си ја вршите најодговорната работа во државата – да ги казнувате прекршителите. Обидете се да бидете добри судии за да не ви суди историјата!

За добри намери, а уште повеќе за добри дела секогаш има и место и време. Има место и за молитви и смирение на душата. Сега кога под влијание на светските ветрови на разчовечување ни бледеат сите семејни врски и контакти, потребата од утеха е сѐ поголема. Па има ли подобро поле за работа на верските заедници? Во сите свети книги се слави човечката добрина и љубов. Само таа порака од мудрите светци да се испраќа до верниците ќе биде од помош како утеха. Има место во таа мисија за сите верски заедници, за сите верски служители и толкувачи на светите книги. Потребна е само добра намера.

За крај една приказна за германскиот канцелар Бизмарк. Кога ја водел дипломатската и вооружената борба за обединување на германскиот народ во една држава, барал во првите редови да се синовите на благородниците и малите монарси од многуте германски државички. Кога му се пожалиле на кралот Фридрих Вилхем за оваа постапка тој го викнал на разговор големиот канцелар. Можеш ли да ги поштедиш благородниците од опасноста на бојното поле? Можам височество, ама тогаш нема кој да прави нова германска нација. Тие што имаат најмногу треба да дадат најмногу зошто и имаат најмногу да загубат ако ја загубиме војната. Во Версај е прогласено обединето царство Германија со царот Вилхем, а германската нација има најсредена држава во Европа. Бизмарк го знаел она што ние денес треба да го осознаеме. Првенците на еден народ мора да бидат први и во добро и во лошо.

Е, ај мили мои сограѓани да се обидема со добра мисла и со добра намера!Ако пробаме може и да добиеме ако не пробаме сигурно ќе изгубиме.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ