• Latest
27 април 2017

Академици на тротоарите…

April 28, 2018

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Академици на тротоарите…

April 28, 2018 13:51
in СЛОБОДНА ЗОНА
27 април 2017

27 април 2017

Share on FacebookShare on Twitter

Тие секогаш мораат да бидат во борба против некого, а кога немаат непријатели од надвор или од внатре, тогаш се борат против себе. Секогаш немир околу нив, немир во нив. Некој има задача постојано да ги колва со информации за личности и групи кои се сериозна закана за нив односно за оние кои им даваат наредби, а кога до нив ќе дојде најава од налогодавците за големата веројатност дека и земјата може да им стане немирна, земјата во која најголеми неверници се токму оние во високите блиндирани замоци и автомобили, кои, всушност, треба да бидат најголеми верници, кога од таа врхушка ќе дојде најава која панично им ја презентира опасноста која ги демне и нив и државата, тогаш, за нив нема граници, нема пречки, нема бариери, нема непробојни врати, ѕидови и камени бедеми. Тогаш, државата мора да стане немирна заради нив…

Пишува: Боки Бургија

А таа збирштина од мрачни и плиткоумни сурати, мора постојано да се набива со лажниот патриотизам на криминалните врхушки, со континуираната каобожемска опасност која им ја демне државата, дека ако ја изгубат татковината, ќе им ја силуваат и мајката Македонија, а тоа, за ова ограничено друштво, кое се ложи со кафени лажички привилегии, кои, им овозможуваат презентација на мускулите и тетоважите на тротоарите, булеварите, темните дискотеки и летните тераси како највисоки академски признанија и достигнувања кон случајните минувачи и посетители, им ја надополнува природната беспомошност, ништожност, никаквост со огромна вештачка храброст, и ги втурнува во секакви ризици.

Бедата на командниот центар е во тоа, што, и тие знаат како да го употребат овој слој на граѓани, знаат дека наредбите под лажниот симбол на патриотизмот издадени кон ваквите беспоговорно ќе бидат извршени, без разлика на тоа колку братска крв ќе се пролее на патот до остварувањето на целта. Ги заболе ваквите кој ќе загине во нивниот поход набиен со лажна заштита на татковината им мајка Македонија, заштитувајќи ги наредбодавачите. Битно е тие да останат владетели на тротоарите, кафулињата, рестораните, дискотеките, ноќните клубови, да носат полициски значки и пиштоли, да бидат специјалци “алфи“, по 12 часа да стојат пред вратите на приватните хациенди и државните институции на вистинските владетели, искористувачи на нивната простодушност и набилдан примитивизам, овозможувајќи им само на оние неколкумина поовластени, да се возат во скапи луксузни автомобили, да летуваат на јахти, да бидат во друштво на силиконските дами, и со тоа да се перчат по социјалниве мрежи. Да се најежиш, ама тоа е…

Под водство на нивните големи и вистински шефови, овие се чувствуваат како мали кралеви на своите позиции од каде “едвај“ заработуваат за парче леб, ама многу побитен им е статусот за кој чаршијата ќе бруи: “тој го обезбедуе оној, знаеш кој, а тоа не е мала работа, не се закачај со него!“ На ваквите да им раскажуваш за чесност, за човечност, за законски должности и обврски откако ги ставиле полициските значки на врат, е исто како да сте ги опцуле.

Тие знаат само да извршуваат наредби по точно утврдена скала на хиерархијата. Тие имаат право да убиваат со тупаници, да усмртуваат пешаци со нивните мотори и автомобили на скопските булевари, тие имаат право да ви ги скршат вратите и да ви влезат дома за да ве уапсат пред децата и сопругата, онака, да ви го запалат џипот, тие, имаат право на се’. А токму ова, го обезбедува мирот во нивните немирни души. На ваквите не им е битно дали нивниот налогодавец ја краде државата, и колку ја краде. Ним им е битно да го задржат својот мир во себе создавајќи немир кај сите други, и да имаат слобода тој немир да го реализираат каде сакаат и против кого сакаат, без за тоа да одговараат…

Таквите влегоа во Парламентот на 27 април минатата година, и пролеаја крв. Убеден сум дека тие, тоа не го направиле самоиницијативно затоа што не знаат самите да проценуваат и евентуално да носат одлуки во значајни акции, туку, само да извршуваат наредби, например: “Легни го на земја и стави му цевка у уста. Залепи го до клозетот со главата…“ И еве, и ден денес не може никој да ме разубеди дека на 27 април минатата година некој не им дал наредба: “Влегувајте и газете се пред себе, убивајте ако треба…“ И доволно…

После една година, за да го сочуваат мирот во себе, на немирните им останува само една опција. Последната. Да почнат да се борат меѓу себе…

Ако не им го овозможиме тоа задоволство, сите повторно ќе бидеме приклештени во канџите на дебеловратните дипломци, магистри, доктори на науки. Можеби не во канџите на оние со политички предзнак на претходните, туку, на некои нови дебеловратни мускулести “академици“ на тротоарите, подржани од актуелните…

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 27 априлманипулациинасилство
Share70Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ