• Latest

Активен пожарот во охридско, изгаснати 20 пожари во изминатото деноноќие

August 9, 2022

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НЕПОГОДИ

Активен пожарот во охридско, изгаснати 20 пожари во изминатото деноноќие

August 9, 2022 09:22
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Утрово има еден активен пожар, а 20 се изгаснати во последното деноноќие при што е опожарена сува трева и ниска вегетација. Било интервенирано и на гасење пожари на неколку куќи, плевни и овоштарник, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно добиените информации од регионалните центри за управување со кризи од градовите во државата.

Се уште активен е шумскиот пожар во планината меѓу охридските села Вапила и Расино. Гори деградирана шума. Досега се опожарени околу 12 хектари површина.

Територијалната противпожарна бригада од Охрид  и денеска е на  терен со едно противпожарно возило и шест пожарникари. Од утрово од 5 часот на терен се вкупно околу 50 луѓе. Пожарот гори на три страни и се прават напори за негово обиколување, но поради тешкиот терен гасењето оди отежнато.

Пожарот кај селото Фурка нема активно горење и е локализиран во 19 часот. На терен се останати екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, а другите се повлечени. Во текот на денот ќе се изврши контрола на опожарената површина за проверка на местата од каде што се уште има чад.

Од ЦУК информираат дека било интервенирано и на депонија кај селото Добрашинци во општина Василево и на запалено ѓубре во Јурумлари во скопската општина Гази Баба. Кај Градско и кај селото Виничани била опожарена сува трева. Кај светиниколската месност „Ливади“ е интервенирано за запалена сува трева, а слична интервенција имало и кај селото Теарце. Сува трева била опожарена и кај битолското село Крстоар, а интервенирано е и во близина на автопат кај селото Табановце.

Во Охридско, кај с.Велестово е интервенирано на запалена куќа, а кај кичевското село Другово била запалена куќа и плевна. Во населбата Доброшане во Куманово изгорела штала, а во пожар во местото „Стари Лозја“ изгорела една куќа. 

Во Општина Липково, кај селото Никуштак е интервенирано на гаснење сува трева и борова шума, а во Старо Нагоричане, кај селото Макреш на гаснење сува трева. Во Крива Паланка, кај селото Луке е интервенирано на гаснење запалена ниска вегетација и насади со овошки (сливи и јаболки), а кај селото Псача е гаснета сува трева. Во Скопје, во општина Бутел е интервенирано на гаснење сува трева, а во општина Шуто Оризари имало запалена депонија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ