Плакати, флаери, графити се дел од интензивната кампања на Бојкотирам во Велес. Како што известува долгорочниот набљудувач на ЦИВИЛ, изутринава флаери се појавиле пред врата на куќите и сандачињата во влезовите на станбените објекти.
„Со договорот се брише државниот, националниот и институционалниот идентитет“, „Со договорот се брише Република Македонија каква што ја знаеме“ се пораките што ги упатуваат од #Бојкотирам преку флаерите.
Во центарот на градот, пак, се појавиле графити: „Бојкот“, „Никогаш Северна“, „ВМРО е Македонија“.
Тим за анализи и координација на ЦИВИЛ