• Latest

Активно ќе се бара решение со Бугарија до крајот на годината, Софија очекува конкретни резулати од дијалогот со Скопје

November 26, 2021

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Активно ќе се бара решение со Бугарија до крајот на годината, Софија очекува конкретни резулати од дијалогот со Скопје

November 26, 2021 09:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските власти остануваат на ставот дека во следниот период активно ќе се бара решение за отворените прашања со Бугарија. Софија, пак, порачува дека нејзината позиција кон Северна Македонија останува непроменета и очекува конкретни резултати од дијалогот со Скопје.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера во интервју за БГНЕС рече дека добрите односи со Бугарија и европската перспектива за Северна Македонија се без алтернатива. Прашан што ќе направат властите во Скопје по реафирмираниот став на Бугарија во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ, Османи нагласи дека во следниот период активно ќе се бара решение по однос на политичките прашања. Како што знаете, истакна шефот на дипломатијата, Северна Македонија беше конструктивната страна за изнаоѓање решение.

– Во следниот период очекуваме кога ќе се формира владата во Бугарија да почнат разговорите. Сметам дека и во декември има добри шанси да се најде решение, бидејќи немаме друга алтернатива освен добрососедски односи со Бугарија, порача Османи.

Тој нагласи дека немаме друга алтернатива освен заедничка европска перспектива. Се надеваме, потенцира шефот на дипломатијата, дека оваа политичка стабилност во двете земји ќе даде резултат.

За време на редовниот состанок на Советот за општи работи во Брисел, бугарската делегација истакнала дека „Република Сверна Македонија сè уште не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција“.

– Во последните неколку месеци бугарската страна предложи голем број опции за надминување на отворените прашања со Северна Македонија, со цел да се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Нашите партнери во РСМ треба да преземат конкретни обврзувачки ангажмани, од кои некои треба да се спроведат на краток рок, а останатите треба да бидат меѓу барањата во идната преговарачка рамка. Се додека тоа не се случи, не може да се очекува напредок во процесот на проширување со Северна Македонија, изјави шефот на бугарската делегација, амбасадорот Румен Александров.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера во телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го изразил очекувањето на Софија дијалогот со Северна Македонија да доведе до конкретни резултати.

Радев истакнал дека Бугарија е отворена за дијалог, поставила јасни прашања и очекува одговори и реални дејствија од Северна Македонија.

Шефот на бугарската држава смета и дека дневниот ред на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде подреден на надворешни влијанија, туку да се води отворено со ангажман од двете земји, што ќе го придвижува напред процесот на евроинтеграција на Северна Македонија.

Како главен акцент во тој дијалог, претседателот на Бугарија го посочил „почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија, трајно искоренување на јазикот на омразата и почитување на бугарската историја и културно наследство“ во земјава.

Во исто време, бугарски премиер Стефан Јанев рече дека политиката на Бугарија кон Северна Македонија останува непроменета.

Според Јанев, Бугарија многу добро го соопштила својот став пред бугарското општество во однос на позицијата кон Северна Македонија, но не и пред партнерите од ЕУ.

Јанев, исто така, нагласи дека пред неговата преодна Влада да ја преземе функцијата во мај оваа година, позицијата на Бугарија не била јасно соопштена. – Нема да отстапиме од нашата позиција, изјави Јанев.

Последниот Самит на Европската Унија за годинава, под словенечко претседавање, ќе се одржи на 14 декември.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ