По примерот на балканската група „Изнајмувачи со срце“, и група македонски граѓан(к)и отвори македонска Фејсбук група Бесплатно сместување – Македонија, чија цел е обезбедување на бесплатно сместување за време на летните одмори во туристичките места низ земјата.
„Оваа група е наменета за да се помогне на болни дечиња, на самохрани родители и на семејства од социјално загрозен карактер кои не можат да си дозволат одмор, барем еднаш во текот на годината“, стои во описот на групата.
Групата има за цел да ги стимулира сопствениците на апартмани и викенд куќи да понудат бесплатно сместување во одреден период од летото на болни деца, самохрани родители и сиромашни семејства кои не можат да си дозволат одмор. Досега, бесплатно сместување понудиле десетина сопственици претежно од Охрид.
„Имате викендица или апартмани низ цела Македонија, сакате да понудите бесплатно сместување на болни дечиња н коишто здравјето им е трајно нарушено, на самохрани родители или на социјално загрозени семејства, на правото место сте. Имате ресторани или маркети и сакате да донирате храна и играчки за децата, слободно пријавете се. Издавачките куќи можат да се пријават со подароци – книги и сликовници за дечињата и смејствата. Добредојдени се и превозници кои сакаат да помогнат со бесплатна превоз-услуга… Ајде Македонијо, да се обединиме!“, се вели во повикот на Фејсбук групата„Бесплатно сместување – Македонија“.