• Latest

Ал Хусеин: Сирискиот конфликт го води светот кон катастрофа

March 20, 2018
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ал Хусеин: Сирискиот конфликт го води светот кон катастрофа

March 20, 2018 08:24
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Раад ал Хусеин синоќа го обвини Советот за безбедност на Светската организација за неактивност во однос на Сирија. 

– Сирискиот конфликт го води светот кон катастрофа, а Советот за безбедност не презеде решителна акција за заштита на човековите права и спречување на убиства, изјави Хусеин.

На неформален состанок на Советот, тој предупреди дека овој неуспех има длабоки последици, бидејќи неказнувањето го уништува светот.

– Сите земји во сирискиот конфликт вршат страшни злосторства, користејќи нелегални методи за водење војна, истакна високиот комесар на ОН за човекови права. Тој, сепак, беше особено критичен кон сирискиот  претседател Башар ал Асад, кого го обвини за „убивање  на сопствениот народ“.

Зеид Раад Ал Хусеин

Хусеин ја спомна офанзивата на владините сили во бунтовничката енклава Источна Гута, каде што, како што рече, воените злосторства биле извршени со хемиско оружје, а и гладта ​​се користи како оружје.

– Никогаш во кампањите против тероризмот немало вакава бескрупулозна употреба на сила против цивили, како што тоа се случува изминатите неколку месеци во Сирија, истакна тој.

Сириската Влада и нејзините сојузници ги квалификуваат сите групи против кои се борат во Сирија како терористи.

Изјавата на Хусеин уследи откако претходно, Русија, Кина и други земји го блокираа одржувањето на официјално заседание на Советот за безбедност на ОН посветено на хуманитарната ситуација во Сирија.

СБ на ОН

– Не гледаме никакво оправдување за таквата средба, изјави рускиот заменик-постојан претставник во ОН, Генадиј Кузмин.

Франција и уште шест земји членки на Советот побараа седница на која треба да зборува и високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Раад ал Хусеин.

Но, за таква средба гласаа осум, а потребни се девет гласа. Русија, Кина, Казахстан и Боливија гласаа против, а Брегот на Слоновата Коска, Екваторијална Гвинеја и Етиопија беа воздржани.

Потоа осумте земји кои го поддржаа предлогот, се собраа на неформална средба на која говореше високиот комесар на ОН за човекови права во Сирија.

Во заедничко писмо до останатите земји членките на Советот, САД, Велика Британија, Франција, Полска, Шведска, Холандија, Кувајт и Перу порачаа дека е императив ОН да преземе веднаш решителни мерки за постигнување примирје во Сирија, ако земјите членки на Организацијата, особено Русија и сириската Влада, не ја почитуваат Резолуцијата на Советот за безбедност за хуманитарниот прекин на огнот.

Стафан Мастура

Во меѓу време и специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура предупреди дека Сирија оди кон катастрофална поделба, а Исламската држава може однова да се врати на сцената, ако не се постигне сеопфатен мировен договор.

Во говор во Женева, Де Мистура истакна дека неформалната поделба на Сирија на области, кои практично се под контрола на странски држави, ќе доведе до катастрофа не само за неа, туку и за целиот регион. Според него, особено опасно би било од мировниот процес да биде исклучено сунитското мнозинство, бидејќи сунитската џихадистичка група Исламска држава, тогаш ќе се врати во Сирија.


извор: МИА

Tags: катастрофаОНСиријаСовет за безбедност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ