• Latest

Албанија не ги исполнува минималните услови против трговија со луѓе

June 29, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Албанија не ги исполнува минималните услови против трговија со луѓе

June 29, 2018 07:22
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот Стејт департмент, во најновиот извештај за трговија со луѓе, оценува дека Албанија и понатаму е во втората група, во која се земјите кои не ги исполнуваат целосно минималните стандарди, но прават големи напори да ги исполнат.

Во извештајот се забележува дека постојат неколку клучни сектори за кои владата не ги исполнила минималните стандарди, односно ги казнува жртвите за заонски прекршоци, а  трговците со луѓе ги обвинува со поблаги обвиненија,како што е принудување на проституција.

Се криtикува доцнењето во финансирањето на центрите за згрижување на жртвите од трговија со луѓе на невладините организации, а истрагите и кривичното гонење се непостојани. Исто така се забележува дека полицијата не секогаш ги идентификува жртвите на трговија со луѓе меѓу лицата вмешани во проституција.

– Како што е соопштено во извештаите за трговија со луѓе од 2014 година, па наваму, Албанија останува извор, транзитна земја  и дестинација за мажи, жени и деца во трговијата за секс и принудна работа. Албанските жени и деца се предмет на сексуална трговија и принудна работа, особено за време на туристичката сезона, стои во извештајот.

Се констатира, исто така, дека  децата се користат како питачи и улични продавачи. Тие, главно се од ромска националност и се принудуваат на сезонска работа а има случаи каде децата работат и на полиња засадени со марихуана.

-Албанските жртви се субјекти за проституција низ цела Европа, посебно во Косово, Грција, Италија, Белгија, Германија, Швајцарија, Македонија, Норвешка, Холандија и Велика Британија. Според извештаите на невладините организации има зголемување на бројот на албанските деца, кои се предмет на принудна работа во Косово и Велика Британија, стои во извештајот.

Во истиот и се препорачува на Албанија да ги исклучи жртвите од казни за законски прекршоци, кога повредите се директно резултат на трговијата со луѓе, особено за жртвите на сексуална трговија кои се принудуваат на проституција; да продолжи со посилни истражни дејствија, да ги гони и да ги казнува трговците со луѓе, вклучувајќи ги и службениците кои се вмешани во такви кривични дела и да ги обучуваат органите за спроведување на законот за да бидат колку што е можно покомпетентни. (МИА)

Tags: АлбанијаСтејт ДепартментТрговија со луѓе
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ