• Latest

Албанија: СПАК истражува 20 лица, осомничени дека се членови на иранска терористичка организација

July 15, 2022

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албанија: СПАК истражува 20 лица, осомничени дека се членови на иранска терористичка организација

July 15, 2022 13:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Под истрага на албанското специјално јавно обвинителство, СПАК, се 20 лица кои моментално живеат во оваа земја, бидејќи се осомничени дека се дел од терористичка ќелија, пренесува МИА.

– Станува збор за поранешни членови на иранската муџахединска организација, кои се отцепиле од оваа организација и кои сега се осомничени дека вршеле забранета активност на територијата на Албанија во име на терористичката организација на Револуционерната гарда на Иран и тамошните тајни служби, јави Ора њуз.

Според истиот извор извршен е инспекциски надзор во канцелариите на здружението со кое раководи поранешен член на МЕК, по име Хасан Хејлани и во 11 станови во Тирана, кои ги користат овие ирански државјани и во два автомобила на истите лица.

Извори за Ора њуз прецизираат дека контролата била извршена во среда, на 14 јули, по агенда на Националното биро за истраги и антитерористички агенти, дел од овие лица биле испрашувани, а потоа ослободени истиот ден.

– Дваесет поранешни членови на МЕК се осомничени дека биле платени од иранските тајни служби и Иранската револуционерна гарда, за добивање информации и спроведување акции против муџахедините кои живеат во кампот Манез во близина на Драч, наведува телевизијата.

Во кампот се сместени околу четири илјади муџахедини. Врз основа на договорот меѓу албанската влада и САД, првата група муџахедини, кои припаѓаат на организацијата Народни муџахедини на Иран (МЕК), во Албанија пристигна во средината на мај 2013 година, од бегалски кампови во Ирак.

Ова не беше прв случај Албанија да прифати американско барање за прием на лица порано сметани за терористи и на кои им се заканува прогон. Во 2006 година Албанија се согласи да прими петмина припадници на муслиманската заедница Ујгури од западна Кина, кои беа заробени од страна на американската армија и држени како осомничени исламисти во базата Гвантанамо.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ