• Latest

Албанија веќе станува транзитна земја за илегалните имигранти

June 19, 2018
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Албанија веќе станува транзитна земја за илегалните имигранти

June 19, 2018 12:34
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанија веќе станува транзитна земја за нелегалните имигранти од Блискиот Исток, ако се има предвид бројот на откриени случаи во изминатиот период од годинава.

Полициската статистика потврдува дека од почетокот на јануари откриени се 2.500 илегални имигранти, кои преку зелениот појас на границата со Грција влегуваат на албанска територија, со цел да го продолжат патот кон Црна Гора, а од таму кон некоја од западноевропските земји. Поголемиот број од мигрантите влегле во Албанија во последните два месеца.

– Она што посебно треба да се акцентира е фактот дека добар дел од од имигрантите и по неколкупати се обидуваат да ја остварат целта. Станува збор за оние кои не бараат азил, па според договорот за депортирање се враќаат назад во Грција, но откако ќе бидат вратени на грчка територија тие повторно влегуваат на албанска територија, потврдуваат од полицијата, додавајќи дека има лица кои се откриени и по десетпати.

Во Центарот за азил во Бабру за азил аплицирале 1.700 лица, но бројот на досега одобрените барања е речиси десетпати помал, бидејќи случаите детално се проверуваат .

Од друга страна, мигрантите го користат кампот како безбедно место, каде на полицијата и изјавуваат дека во Албанија пристигнале за да бараат азил и откако ќе бидат засолнети по неколку дена, тие го напуштаат кампот и се упатуваат кон границата со Црна Гора.

Имигрантите од Сирија, Ирак, Авганистан и северна Африка, за да бидат пренесени до црногорската граница плаќаат по 500 евра, додека за Италија 1.200 евра по човек.

Во справувањето со оваа појава, албанската полиција ја зголеми готвеноста со засилување на постојните гранични единици со 200 припадници на единицата за брза интервенција. Тие се распоредени во околијата Корча, подрачја кои се граничат со Грција и со Македонија, околија Ѓирокастро близу Грција и околијата Скадар на границата со Црна Гора. (МИА)

Tags: Албанијабеглацимигрантитранзит
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ