• Latest
Добро утро со Орданоски

Албин Курти и дилемата за Робин Худ

February 18, 2021

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Албин Курти и дилемата за Робин Худ

February 18, 2021 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Викенд-исходот на вонредните избори на Косово поминува со нападен официјален молк во Македонија. Не забележав дека некој од сегашната Влада упати гласни честитки до победникот Албин Курти и неговото Движење за „Самоопределување“ („Ветвендосја“), а и другите политички фактори во државава некако не се „претргнаа“ да посакаат успех и „долго здравје“ на новата власт во Приштина.

Злобниците велат дека не е случајно што српскиот претседател Александар Вучиќ некако токму во неделата, додека се спроведуваа изборите на Косово, избра да го демонстрира своето регионално влијание со „игроказот“ на предавањето на македонските власти на ковид-вакцините на Табановце (во присуство на премиерот Заев, не на неговиот „хомолог“, претседателот Пендаровски), иако е сосема можно дека се работи за обична коинциденција (настанот, не присутните).

Од друга страна, Курти убедливо ги доби изборите против сите свои косовски конкуренти (неговите гласачи велат дека за Косово е дојден „Обама-моментот на надеж“!), но со прилично неуверлива излезност на косовските гласачи, од само 47%. Тоа значи дека со изборна поддршка од приближно половина од оние кои гласале, новата косовска влада ќе ја има зад себе довербата од едвај четвртина од косовските полнолетни граѓани. Со тоа легално се владее. Но, амбициозната агенда за спроведување крупни општествено-политички промени најавени од новата влада, очигледно, не го импресионираше големото мнозинство косовци.

Всушност, никој од соседите на Косово не е воодушевен од победата на Курти. За Србите, тој ќе биде помалку посакуваниот „непријател“, од досегашниот „непријател“, Хашим Тачи, кого добро го знаеја. Додуша, самиот Курти не е непознат за српската власт, уште од времето кога како 24-годишен студентски лидер го уапсија во 1999 година, за време на 78-дневниот жесток конфликт помеѓу НАТО и Србија заради Косово. Го осудија на 15 години затвор, за да биде амнестиран во декември 2001, под притисок на Западот врз тогашната, пост-милошевиќевска, српска влада на Коштуница, која бараше за ослободувањето на бројни Албанци од српските затвори да им се пронајдат трагите на исчезнатите 1.000 Срби за време на конфликтот. Тоа не се случи. („За прашањето на Косово, Коштуница има исти ставови како и Милошевиќ. Всушност, тој го употребува истиот речник [како и Милошевиќ]“, изјави една година по апсењето нескротливиот Курти за „Вашингтон пост“ од затворот во Пожаревац, каде времето го поминувал читајќи ги Достоевски, Брехт, Џојс и Сартр.)

Што се однесува до официјална Албанија, Движењето на Курти таму има свој претставнички огранок кој жестоко го критикува владеењето на Еди Рама. Курти самиот ги карактеризира своите односи со Рама како „замрзнати“, а списокот на нивните несогласувања е долг и се протега од прашањето за „флексибилноста“ на косовско-албанската граница (и повремено повторуваната идеја за обединување на Косово со Албанија, што за Тирана создава редовни меѓународни главоболки), преку третманот на албанската опозиција од страна на Рама (членови на „Ветвендосја“ беа и апсени во Тирана заради учество во насилни демонстрации), до несогласувањата за тоа дали треба да постои „макро-Шенген“ (Курти) или „мини-Шнген“ (Рама) иницијативата.

И во Црна Гора – таткото на Курти, инженер по професија, потекнува од Улцињ – на Курти се гледа со официјална воздржаност: новата власт во Подгорица, чија победничка програма за рушење на Ѓукановиќ од власт беше споредувана со анти-естаблишментските ставови на „Самоопределување“ за Косово, но лекциите (и последиците) од антизападните ставови на Курти не се нешто по што сегашна официјална Подгорица би сакала да биде ставена во сличен контекст.

Западната меѓународна заедница, пак, уште од основањето на Движењето на Курти во 2005 година, а особено по осамостојувањето на Косово во 2008 година и почетокот на српско-косовските преговори во 2011 година, на Курти гледа како на главната „внатрешно-политичка кнедла“ во „грлото“ на Европската Унија и САД во управувањето со некогашната југословенска покраина. Долга е таа приказна на меѓусебни, често и насилни, непријатности помеѓу Курти и Западот, а последната „епизода“, со директна американска „асистенција“, заврши со смена на Курти од премиерското место на претходната косовска влада, по помалку од 100 дена власт. Таа „размена на шлаканици“ е прилично меморабилна.

Тоа е регионалниот контекст на промените на власта во Приштина. Многу помлади етнички Албанци на Балканот за Курти имаат „романтизиран“ став како за „Робин Худ“ во борба со корумпираните и компромитирани албански политички елити, кои се обвинуваат за неуспехот за остварување подобар живот на Албанците на Балканот.

Поодамнешната најава на „Ветвендосја“ за отворање на свое претставништво во Македонија веројатно им ги „мрзне“ жилите на овдешниот албански естаблишмент, и на овие од власта, но и на оние од опозицијата кои повремено флертуваат со таа идеја. Идеологијата на Албин Курти – левичар со силни националистички ставови – веројатно е најблиска до национал-социјалистичките определби на овдешната салонска, кенкава, „Али-експрес“ варијанта на Левица: како што е познато, заводливоста на таа демагошка „фејсбук-револуционерна“ идеолошка платформа има силен потенцијал за привлекување незадоволни, особено помлади гласачи, но и за предизвикување општествено-политички потреси чиј резултат е тешко предвидлив. Но, таа, во смисла на соработка со други партии, околу себе создава „спржена земја“ и има тенденција да ги „проголта“ сите други политички формации кои дури и би ја поддржале.

Проблемот на таквите популистички движења е токму сегашниот предизвик за Курти: лесно е да си провокатор, радикален, бескомпромисен и безобразен кога си во опозиција; но, што правиш со таквите прерогативи за доброто на нацијата кога власта е (целосно, како сега во Косово) во твои раце? Бидејќи, факт е дека популарната приказна за Робин Худ знаеме дека завршува пред тој да почне да го управува освоениот Замок… Дали, што би се рекло, „револуцијата ќе ги изеде своите деца“, или тие „деца“ ќе ја спроведат револуцијата, без разлика на околностите и последиците?

Одговорот на таа дилема ќе ни го даде Движењето за „Самоопределување“ веќе годинава. Можеби таа неизвесност добро ја објаснува воздржаноста на многумина во регионот и „пошироко“ за искрено да му ја честитаат изборната победа на бунтовниот Курти во Приштина.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ