• Latest

Александар Филиповиќ: Социјална заштита, еднакви можности и закони за сите

August 13, 2020

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Александар Филиповиќ: Социјална заштита, еднакви можности и закони за сите

August 13, 2020 13:45
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата. На нашите електронски адреси веќе пристигнаа голем број пораки со артикулирани барања до идната влада, коишто веќе  се објавуваат на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Александар Филиповиќ, активист и соработник на ЦИВИЛ, пишува:

Без оглед на тоа кој ќе успее да состави Влада, очекувам поголема транспарентност, еднакви можности за сите и зајакнување на граѓанскиот концепт.

Ќе наведам неколку термини, односно предлози за одредени категории на граѓани и граѓанки кои што се од значење, а воедно би допринеле за подобро утре за секого и еднаквост пред законот и придобивките.

  1. Социјална заштита.

2. Закон за проценка на ранливост, права и бенефиции.

3. Закон за лица со статус (деца без родителска грижа, стечајнни работници, бездомни лица, лица со хендикеп или одредена попреченост, лица кои поради ново настаната ситуација се спречени да водат нормален живот, во случај на природна непогода, случај на војна, случај на економска криза во државата.

Бидејќи во минатото се имаме среќавано со доста случаи од социјално ранливите категории, за кои на некои од тие случаи не беше укажана и остварена помошта која со закон следува, или пак беа доведувани до степен да мораат јавно да излезат и да кажат дека државата т.е институциите не користат ништо од своите капацитети и дејства и покрај упорноста на засегнатите. Од новата Влада јас лично очекувам да се поведе сметка.

За оваа категорија  граѓанки и граѓани, да се одговори и дејствува на сите активни барања, и тие во фиока. Да се фокусира на тоа да невработеноста се намали значително што е можно доколку се ажурни. Бидејќи верувам дека имаат капацитет. Да се фокусира на тоа да ги тргне од улица најпогодените (децата и повозрасните луѓе кои питачат на семафори. Да им обезбеди соодветен простор и услови за живеење. Да ги вработи и регистрира во системот за социјална заштита.При тоа со гаранција дека доживотно се заштитени и дека секој аспект и начин на помош која им следува од државата ќе бидат секогаш на готовс и активирани, законот за проценка на ранливост,права и бенефиции.

Да се формира комисија која ќе биде транспарентна и неподмитлива во однос на постапувањето по пристигнатите барања од страна на ранливата категорија. Поединец, семејство итн.  Секој обид  за фрлање во фиока на предмет или заташкување од страна на внатрешните лица задолжени за спроведување на закон и одредување да биде казниво со закон и казната да не биде парична туку затворска во времетраење кое ќе го одреди јавното обвинителство согласно критериумите за степени на кривично дело сторено од правно лице.

Да се направи ревизија во работата на Министерството за Труд и Социјална политика на Р.С.Македонија.

За секоја постапка која е почната а прекината, да се наведат причините за истата и секако времено да се извести странката за промените, и со детален опис и понатамошни дирекции.

Очекувам да се донесе законот за Деца на бранители во конфликтот 2001. Закон кој ќе ја задолжува државата системски да си провери и утврди кое семејство е погодено од кризата, независно дали се работи за семејство т.е деца кои го загубиле едниот или двата родители во тој конфликт.

Да се расчисти со тоа да деца на лица кои го загрозувале и се обиделе да го урнат уставниот поредок ги имаат сите права и бенефити па дури и во случаи каде е дадено повеќе од  што треба. Ако зборуваме отворено јас не знам за држава во која терорист има било какви основни права,  а да не зборуваме за останатите нешта.

Очекувам со оглед на тоа што и тие се свесни дека стојат така нештата.

Веќе да не бидат неми на побараната рака и помош што им следува со закон на ранливата категорија граѓани и граѓанки, повторувам, со Закон (што значи дека мораат да постапат). Да не го доведуваат обичниот граѓанин односно тој кој е во тешка состојба, да посегне по начин на извлекување од истата со кој ќе се загрози уште повеќе и ќе стори кривично дело.

Да не го понижуваат оштетениот или оштетената со репресии или да бидат доведени до степен да се појават на камера јавно, за потоа да се јават некои функционери и да речат еве сторивме, а на пример со години немале слух за ист случај. Не!

Не на тој начин..Ако цената на реализација на правата е да бидеш понижен,и третиран како отпад јас велам НЕ! За секоја таква постапка да се одговара кривично.

Очекувам исто така да се воведе систем кој на лицата од социјалната категорија ќе им помогне да завршат со школувањето доколку истото во одреден временски период било прекинато поради немањето услови, материјално-технички средства итн.

Можност за до школување на тие лица со цел вработување на цврсто и продуктивно работно место со еднаков третман кога се во прашање работничките права,здравствената заштита и се она што е опфатено под терминот човекови права.

Очекувам од оваа влада поголема ажурност за горенаведените нешта кои мислам дека се коренот за измена и стабилизирање на општетството во кое се наоѓаме.

И очекувам стриктно, дека  конечно, големците ќе реагираат и посветат внимание  на оваа категорија во која спаѓам и јас, како дете кое било во дом и се води со статус дете без родителска грижа до 18 години.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ