На Александар Јаневски Тошта, кој е обвинет за обидот за убиство на Зијадин Села му се заменува мерката притвор со куќен притвор, потврдија од Кривичниот суд за МИА.
– Кривичниот совет на Основниот суд Скопје го уважи предлогот на одбраната на А.Ј. за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор и по правосолноста на решението тој ќе излезе од затворот „Шутка“, велат од судот.
Барањето да му се замени мерката притвор со куќен притвор е поради тоа што на последното судско рочиште на Јаневски му се слоши, по што беше пренесен во болница.
Јаневски е меѓу обвинетите за обидот за убиство на Зијадин Села при упадот во македонското Собрание на 27 април минатата година. (МИА)