По вчерашното потврдување на казните за обвинетите за Диво Насеље, Алијанса за Албанците остро реагираше велејќи дека ВМРО и ДУИ го монтираа случајот, а судовите на СДСМ и ДУИ само ги потврдија максималните казни.
Додека пресудите продолжуваат да бидат максимални само затоа што обвинетите се Албанци, јавноста не ја дозна вистината за тоа кој бил организаторот, кој даде наредба за пукање без предупредување за предавање кон момчињата во јуначката населба?
Дали е вистина дека била издадена наредба за егзекуција на најмалку двајца учесници во конфликтот откако тие се предале, што можеле да откријат овие линчувани лица…?
Само меѓународна истрага би дала одговор за сите овие дилеми, кои ние како Алијанса за Албанците бараме да се случи што е можно поскоро.
Албанците не можат да бидат жртвено јагне секогаш кога политичката класа во Северна Македонија треба да ги покрие своите скандали“, стои во реакцијата на Алијансата за Албанците.