• Latest
Добро утро со Орданоски

Ало, Хјустон, имаме проблем!

November 16, 2018
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ало, Хјустон, имаме проблем!

November 16, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]ако што (за сега) стојат работите, од Македонија, земјата кандидат за членство во НАТО, Груевски илегално влегол во Албанија, земја членка на НАТО, потоа легално (со лична карта, со фалсификуван пасош?), возен во унгарски дипломатски автомобил, поминал во Црна Гора, уште една земја членка на НАТО, за од таму (не се знае како) да заврши во Унгарија (ако е, воопшто, таму, за што уште немаме физички докази), а и таа земја членка на НАТО?!

Речиси да поминал низ третина членки на НАТО, како младо петле низ широка авлија!

Многу јака ова најмоќната безбедносна алијанса на светот! Можел Груевски, почесниот претседател на една овдешна револуционерна организација, во торбите да не носел само, наши, милиони евра (претпоставка, можеби биле и повеќе), туку и нечии три грама ураниум и десет килограми експлозив семтекс, и никој по пат да не го прашал за јуначко здравје. А можел да се вика и Али Агџа или Ли Харви Освалд…

Ало, Хјустон, имаме проблем!

Ова безбедносно, дипломатско и политичко фијаско веќе ги надмина границите на Македонија. Груевски повторно го привлече вниманието на меѓународната заедница. Последниот пат кога тоа му се случи, заврши со десетина тешки кривични обвиненија, со една важечка двегодишна пресуда за в затвор и со одлична перспектива да биде оквалификуван за главен организатор и командант-на-далечинско на упадот во Собранието на РМ на 27 април минатата година, со кривично-правни последици од областа на тероризмот во тој обид за државен удар.

Сепак, сепак, молам за смиреност, за момент да востановиме некаква прибраност и да заборавиме на стотиците прикаски и шпекулации – меѓу кои и моите од пред два дена, дека пребегал преку Србија до Унгарија):-! – за да ја погледнеме целата ситуација од мала нирвана-дистанца. Што ни нуди таквата аналитичка будистичка перспектива?

Прво, што и да се случи со самиот Груевски (тој сега и не е најважен во димензиите на оваа приказна), целата операција за негово бегство недвосмислено става ТОЧКА на она со што општествено-политички сè уште се бори Македонија: со ГРУЕВИЗМОТ. Митот на вмровскиот Робин-Худ-кој-сакаше-гулаш полека се распаѓа низ канализацијата од Будим преку Пешта, директно во Дунав! Ќе останат овде неколку илјади вмровски будали кои ќе му ставаат лајкови под постовите на фејсбук, но за огромниот дел од отрезнетите членови и симпатизери на партијата која Груевски сè уште почесно ја претседателствува, а особено за десетиците негови блиски и најблиски соработници, чинот на Груевото бегање ги врати во грдата реалност на неговата оставина. Еве, прашајте ги Миле и Гоца, на пример. А може и Мицкоски и Николовски, кои имаат уште многу работи со неговиот пребег за дообјаснување.

Второ, многу жешкиот „костен“ сега е во рацете на автократот Орбан – што рече некој, сега Унгарија е единствената земја на светот во која опстојуваат не еден, туку ДВА автократи истовремено! Како се одмотуваат деталите за пребегот на Груевски, така улогата на Унгарија и Орбан стануваат сè посрамни и, всушност, криминално-непријателски не само кон Македонија, туку и во евро-атлантскиот контекст. Орбан е директно вмешан како пиун на Москва во анти-НАТО операциите на Русија на Балканот и во Европа (како што тоа прецизно го дефинира угледниот бугарски политолог Огњан Минчев). Не е проблем што од Македонија во догледна иднина ќе биде протеран унгарскиот амбасадор – тоа, просто, не може да се избегне – големата придобивка е што Унгарија и Орбан, на еден евтин начин, ефектно го демаскираа своето лицемерие на меѓународна сцена (слично на скандалот низ кој поминуваат Мохамед бин Салман и Саудиска Арабија), во акт на тотален морално-политички стриптиз на меѓународна сцена, како организатори и помагачи на сè она што е против вредностите на европската цивилизирана заедница. Овој скандал ги тресе и ЕУ и НАТО.

Трето, она што не се гледа на овдешните телевизии и по порталите, а не е тешко да се претпостави, е пораката која сега западните пријатели на Македонија, низ стегнати заби, му ја упатуваат на Заев и на неговиот безбедносен и правен тим (Шекеринска, Спасовски, Дескоска…): исчистете си го дворот од оние кои од вас прават млади мајмуни на домашната меѓународната сцена, затоа што секојдневно ги толерирате (или се пазарите?) со тоа подземје во нивните валкани безбедносни и политикантски игри за дестабилизација на државата.

Или, па, нарачајте еден брод банани и уживајте оптегнати по државните лијани!

Така, што, не е исклучено Груевски со своето бегство да ни направи непредвидена голема услуга во нашето нагло соочување со неговото морално-политичко наследство, но и со импровизациите во реформата на нашиот безбедносен, правен и политички систем.

Ало, Скопје, имате проблем!

 

 


ЗАБРАНЕТО И ЗА ДЕЛУМНО ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share618Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ