Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, со објава на Х на посочи дека за време на 4-от Самитот „Украина – Југоисточна Европа“, во Одеса, каде што присуствуваше и македонскиот вицепремиер Изет Меџити, била разгледана широка агенда за зајакнување на регионалната безбедност, вклучително, но не ограничувајќи се во регионот на Црното Море.
За време на Самитот разгледавме широка агенда за зајакнување на регионалната безбедност, вклучително, но не ограничувајќи се во регионот на Црното Море,отпорноста и соработката.
Приоритети беа: безбедноста, спречување на хибридни закани, трговијата итн.
📎 https://t.co/22JNwwrI3P pic.twitter.com/qtHOS6xPQC— Larysa Dir (@dir_larysa) June 12, 2025
За време на Самитот разгледавме широка агенда за зајакнување на регионалната безбедност, вклучително, но не ограничувајќи се во регионот на Црното Море,отпорноста и соработката. Приоритети беа: безбедноста, спречување на хибридни закани, трговијата итн, напиша амбасадорката Дир на Х.
На Самитот од сите други учесници, освен од српскиот претседател Александар Вучиќ, беше потпишана заедничка Декларација која ја осудува нелегалната агресија на Русија, повикува на целосно повлекување на руските сили од Украина и ја потврдува поддршката за територијалниот интегритет на Украина.
Д. Мишев