Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалните мрежи на 1282 ден од руската војна во Украина објави за синоќешниот масовен руски ракетен напад врз станбени згради во Кијив, каде меѓу загинатите има и деца, и повторно упати повик за потребна воена помош за Украина и санкции против рф.
Ден 1282. Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив. Меѓу загинатите има деца.рф ја избира балистиката, а не преговарачката маса. На Украина ѝ е потребна воена помош, санкции против рф, пишува амбасадорката Лариса Дир во објава на социјалните мрежи.Синоќа рф изврши масовен напад по Киjив: 598 дронови и 31 ракета. Противвоздушната одбрана на Украина неутрализираше 589 цели. За жал, во Киjив загинаа 8 лица, меѓу нив и деца, а над 45 се повредени. Околу 500 спасувачи ги отстрануваат последиците од нападите.
Како што објави претходно ЦИВИЛ Медиа, Русија започна голем воздушен напад врз украинските градови преку ноќ на 28 август, напаѓајќи го Киев со ракети и насочувајќи се кон региони далеку од фронтовските линии.
Во меѓувреме, бројот на убиени цивили во рускиот напад врз главниот град се искачи на 15, вклучувајќи четири деца, соопштија властите. Тројца од нив се на возраст од 2, 14 и 17 години.
Д. Мишев