Амбасадорот на Велика Британија во земјава, Метју Лосон за време денешната посета на Штип, одговараше на новинарско прашање за гласањето на нашата земја на Генералното Собрание во ОН за резолуцијата за Украина, посочи дека тоа е став на Владата.
Мојата влада мислам дека има различен пристап, секоја земја има различен пристап, но сакам да нагласам дека сме блиски сојузници во НАТО, имаме блиска соработка во надворешната политика и постигнувањето на заедничките цели. Се надевам дека тоа ќе продолжи. Очигледно, како партнери, понекогаш сме различни, но најважното е што за големите прашања се согласуваме, а поддршката за Украина е апсолутно приоритет на нашите земји, премиерот го кажа тоа многу јасно, како и министерот за надворешни работи и тоа е апсолутно во согласност со британската политика, “ рече амбасадорот Лосон.
М. Д.