Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на Х на 1273 ден од руската војна во Украина објави дека и покрај дипломатските напори за воспоставување мир, руските агресори ја нападна аУкраина со 280 ракети и дронови.
Ден 1273. Дури и за време на дипломатските напори за воспоставување мир, рф ја нападна Украина со 280 средства за воздушен напад: „Искандер-М“, Х-101 и дронови. Какви треба да бидат безбедносните гаранции, ако изгледа дека за претставниците на кремљ убиството е основна потреба?! – прашува Дир во постот на Х.
Ден 1273. Дури и за време на дипломатските напори за воспоставување мир, рф ја нападна 🇺🇦со 280 средства за воздушен напад: „Искандер-М“, Х-101 и дронови.
Какви треба да бидат безбедносните гаранции, ако изгледа дека за претставниците на кремљ убиството е основна потреба?! pic.twitter.com/p3tmZHFMJF— Larysa Dir (@dir_larysa) August 19, 2025
Неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски ги заврши мировните разговори со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, на 19 август Русија започна бран ракетни и напади со дронови врз украински градови.
Експлозии беа пријавени во градот Кременчук додека Русија лансираше балистички ракети што го погодија централниот регион на земјата. Според извештаите, во нападот беа користени повеќе балистички ракети и десетици беспилотни летала.
Енергетската инфраструктура веројатно била цел на нападот, објавија локалните медиуми.
Најновиот руски напад доаѓа во време на засилени напори од САД за посредување во мировен договор меѓу Москва и Кијив.
Д. Мишев