пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Штом се спомне улогата на Русија во дестабилизација и разнебитување на Македонија (не само денес и сега), веднаш пукаат и прскаат ботовите на левата рука на мвро. Урлаат – „а Америка“?
Лепотани, САД од Вилсон навака работат за независна Македонија. На почеток на 90-те извадија војска на граница со Милошевиќ и ни ја сочуваа границата и де факто ја обезбедија независноста. Го угасија конфликтот во 2001 што можеше да прерасне во крвава војна.
Така беше и после крвавиот обид за државен удар во Собранието на 27 април 2017. Американците се главниот булдожер кој го чистеше патот пред членството во НАТО и конечното затворање на прашањето на безбедноста на државата, идентитетот, јазикот.
Освен тоа, дале милијарди долари во изградба и опремување на болници, канализации, водоводи, училишта, градинки, обука на кадри, стипендии, воена опрема, реставрација на културни знаменитости…
А Русија?
#SledeTene
#AluminiumOverMaximum