• Latest

Американска донација во опрема и техничка помош за граничниот премин Ќафасан – Ќафтане

July 15, 2021
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Американска донација во опрема и техничка помош за граничниот премин Ќафасан – Ќафтане

July 15, 2021 14:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мобилни скенери, дензитометри и камери, се дел од опремата што УСАИД ја донираше за царинските управи на Северна Македонија и Албанија, за олеснување на трговијата и транспортот и подобрување на прекуграничната соработка меѓу двете земји со цел воспоставување заеднички граничен премин и заеднички контроли на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане.

Донацијата во вредност од 100.000 евра, која се состои и од советодавна помош, денеска на граничниот премин Ќафасан ја промовираа амбасадорките на САД во Северна Македонија и во Албанија Кејт Мари Брнз и Јури Ким, претставникот на царинската администрација на Северна Македонија, Илија Јаноски и директорот на албанската царина Генти Гажели

Безбедните и ефикасни гранични и царински контроли, според амбасадорката Брнс, се неопходни за олеснување на трговијата и транспортот, за побрзо пренесување на стоките преку границата и за поврзување на локалните бизниси со регионалните и глобалните пазари и синџири на снабдување.

– Овој граничен премин е важен пример, бидејќи е на Коридорот 8, стратешки правец што го поврзува регионот, од Црното Море до пристаништето Драч, од земја-членка на ЕУ до аспиранти за членство во Унијата. Коридорот 8 е приоритет за Владата на Северна Македонија, а треба да се гледа и како приоритет за регионот. Со градење и инвестирање во оваа важна инфраструктура и со зголемување на соработката на границата, Северна Македонија и Албанија ќе имаат и дополнителни придобивки, покрај тоа што ќе го намалат времето на чекање на граничните премини, рече Брнс.

Воспоставувањето зелени ленти и прифаќањето на Заедничкиот акциски план за регионален пазар, заклучи дека се важни чекори на патот кон ЕУ.

– Сите земји од регионот мора да работат заедно, да ги комбинираат своите единствени предности и силни страни за да се реализираат овие цели. Владата на САД гордо ги поддржува напорите на владите на Северна Македонија и Албанија да воспостават заеднички контролни точки на границата, додаде Брнс.

Царинската управа, како што истакна претставникот Јаноски, постојано е насочена кон развивање на решенија и услуги, со кои се поедноставува и олеснува работата на учесниците во царинската и надворешно-трговската постапка.

– Се создаваат подобри услови како за царинските службеници, така и за другите гранични агенции, кои секојдневно се присутни на граничните премини. Ни претстојат активности за координирано усогласување на барањата, взаемно признавање на документите што ја придружуваат стоката, соработката со царинските органи, Овластен економски оператор, зелени коридори за сите стоки, 24-часовна секојдневна достапност на услугите на граничните служби, како и продолжување со модернизација, зголемување на

безбедноста, ефикасноста и ефективноста во работењето и борба против корупцијата, истакна Јаноски.

Опремата, според амбасадорката на САД во Албанија Ким ќе им овозможи на царинските службеници да достигнат највисоки стандарди во царинските процедури.

– Алатките и опремата набавена од страна на УСАИД, заедно со тимската работа и тесната соработка меѓу двете страни, ќе им овозможи на царинските власти на Ќафтане – Ќафасан да ги достигнат највисоките стандарди за царинските процедури, овозможувајќи на тој начин поволно бизнис опкружување и безбедносни контроли, рече Ким.

Оливера Миовска, претставник на АМЕРИТ Македонија сообраќај, се заблагодари за соработката на двете царини за воспоставување на проектот, кој, според неа, ќе значи многу за транспортната унија.

– Тоа ќе значи многу за транспортерите. Побрзо поминување на границите, пократки гранични формалности и единствени контроли на едно место со едно застанување. Националните економии зависат од транспортот, тие зависат од меѓународната размена експортот и импортот, увозот и извозот, а сето тоа бара транспорт. Свативме дека транспортот е битна тема на агендите, која треба да се воспостави кај сите влади, истакна Миовска.

Заедничките гранични премини и заедничките контроли значително го намалуваат времето на поминување на стоките преку границите, а нивното воспоставување претставува исклучително важен чекор за подобра подготовка на земјите за економска интеграција во ЕУ. Во таа насока премиерите на Република Северна Македонија Зоран Заев и на Албанија Еди Рама, неодамна во Тирана потпишаа Спогодбата за започнување на заеднички гранични и царински контроли на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ