Амбасадорката на САД во Украина Бриџит Бринк има намера предвреме да поднесе оставка од функцијата, изјави портпаролот на Стејт департментот за Кијив Индипендент.
„Амбасадорката Бринк се повлекува по три години во Украина“, рече портпаролот.
Коментирајќи ја потенцијалната оставка, портпаролката на Стејт департментот Тами Брус рече:
„За тие три години имаше извонреден настап таму, и ние и посакуваме добро“.
Американскиот државен секретар Марко Рубио првично ја одби оставката на Бринк во јануари, која таа ја поднесе како дел од рутинскиот процес на промена меѓу американските администрации.
Обновената одлука на амбасадорот да се повлече сега доаѓа во критичен момент во односите меѓу САД и Украина.
М. Д.