Американската поштенска служба (USPS) соопшти дека престанала да прима пратки од континентална Кина и Хонг Конг до дополнително известување.
Писмата нема да бидат засегнати од суспензијата, соопшти компанијата, која одби да понуди причина за одлуката, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Меѓутоа, во вторникот стапија на сила новите правила кои ја затворија дупката што дозволуваше мали пакети во вредност од 800 долари (641 фунти) или помалку да се испраќаат во САД без плаќање данок или такси.
Тоа беше една од мерките што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп кој воведе дополнителни 10% царини за сите стоки увезени во САД од Кина.
Како одговор, Кина рече дека ќе воведе царини за некои американски увозни производи.
Подготви: Д. Мишев