Државниот секретар на САД, Марко Рубио, пристигна во Истанбул на мировни преговори за Украина, откако им кажа на новинарите дека нема „големи очекувања“ за преговорите, пренесува Би-би-си.
Се очекува Рубио да се сретне со турски и украински претставници, но во четврток рече дека „единствениот начин да имаме пробив тука е меѓу претседателот Трамп и претседателот Путин“
Трамп ја заокружува четиридневната турнеја на Блискиот Исток, но не се очекува да оди во Турција
Зеленски претходно рече дека го испраќа својот министер за одбрана на преговори во Истанбул, но дека Русија „не е сериозна“ во врска со „вистинските разговори“
М. Д.