Поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна Ана Петровска средина ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на коалицијата „Зелен хуман град’’ на претстојните локални избори.
Петровска ќе се залага да се направат сите оние промени кои граѓаните толку желно ги очекуваат: чист воздух, расчистување на дивите депонии, енергетска ефикасност во училиштата, болниците, вклучување на младите и лицата со хендикеп во носењето одлуки.
– Ова е голема привилегија и јас чувствувам еден голем ентузијазам којшто го добивам всушност од овие прекрасни луѓе кои се приклучија кон оваа иницијатива. Ние имаме една заедничка визија, пред јас да ја прифатам кандидатурата тие веќе ги зрееле своите идеи и тези за тоа како треба да се управува градот, а јас незнаејќи за нив направив една компилација од своите идеи, замислете, се поклопивме во 90 отсто, што значи дека ние навистина заедно можеме да ги направиме оние промени кои граѓаните толку желно ги очекуваат, нагласи Петровска.