• Latest

Андоновски: Дигиталната трансформација нема да биде само декларативен памфлет за оваа Влада, туку стратешки приоритет од кој корист ќе имаат сите

July 3, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Андоновски: Дигиталната трансформација нема да биде само декларативен памфлет за оваа Влада, туку стратешки приоритет од кој корист ќе имаат сите

July 3, 2024 20:17
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата визија е целосна дигитализација на јавните услуги, комплетирање и целосно интегрирање на системот е-услуги, подобрување на капацитетот на јавните институции за испорака на ефикасни е-услуги, подигнување на дигиталната писменост на граѓаните и деловните субјекти за користење на е-услуги и зголемено користење и запознавање на граѓаните со овие услуги, изјави вечерва министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, пренесе МИА.

Во интервју за ТВ 24 тој нагласи дека дигитализацијата ќе биде приоритет што ќе го трансформира начинот на работа на јавната администрација и ќе ја зголеми нејзината економичност, транспарентност и квалитет на работа.

– И покрај фактот што 91 процент од компаниите користат интернет и компјутери, само 100 илјади корисници се во моментот застапени на веб порталот на Владата, рече Андоновски.

Министерот потенцираше дека целта на оваа Влада во наредниот период е да промовира високи стандарди во технолошкиот развој преку насочени инвестиции, а овој сеопфатен пристап има за цел да ја позиционира Македонија како лидер во регионот за да се смени досегашната реалноста според која, Извештајот за е-Влада на Европската комисија, ја сместува Македонија на последното место, додека Извештајот за дигитализација на претпоследно место.

-Нашите клучни интервенции ќе бидат во насока на забрзување на дигиталната трансформација во земјата, унапредување на инфраструктурата и технологиите за дигитализација со следење на динамиката на промени на светско ниво, нагласи Андоновски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: андоновскидигитална трансформација
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result