• Latest

Андоновски: Само фирмата на сопругот на државната секретарка конкурираше на тендерот, потпишав за да не плаќаме пенали

March 10, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Поранешен австралиски политичар осуден на повеќе од пет години затвор за сексуални злосторства

October 31, 2025

Притвор за тетовец кој се заканувал со убиство на жена и партиски функционери на Фејсбук

October 31, 2025

Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Андоновски: Само фирмата на сопругот на државната секретарка конкурираше на тендерот, потпишав за да не плаќаме пенали

March 10, 2025 14:54
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ги отфрли обвинувањата од опозициската СДСМ  за конфликт на интерес, непотизам и сомнение за корупција во Министерството во врска со две јавни набавки во вредност од 50.000 евра што ги добила фирма која е во сопственост на сопругот на државната секретарка во ова Министерство.

-Министерството за дигитална трансформација е посветено на транспарентост, отчетност и законитост во работењето. Во Министерството за дигитална трансформација во последните осум месеци се спроведени десетици јавни набавки. Само во еден случај постоела жалба при спроведувањето, и со нејзино делумно прифаќање истата е поништена. Во врска со наводите на СДСМ, која се уште не може да се помири дека не ги води институциите со криминал и наместени јавни набавки, сметаме дека и самите не веруваат во она што го зборуваат, вели Андоновски.

Тој појаснува дека станува збор за набавка на конференциска и презентациска опрема на која, за жал, вели, пријавена била само една компанија, и покрај широките и објективни критериуми кои биле утврдени во истата, која била избрана затоа што ги исполнила бараните услови и критериуми, а за постапката никој не вложил никаква жалба. При тоа била постигната цена пониска од планираната, и направени се заштеди во буџетот.

-Лага бр 1 на СДСМ е дека договорот е на сума од 2.5 милиони денари. Постигната е цена од 1.531.927,00 денари, која е за скоро 40 отсто поевтина од планираната сума за јавната набавка од 2.500.000,00 денари. На тој начин, заштедени се околу еден милион денари (16 илјади евра) пари на граѓаните. Предвидените производи се навремено и квалитетно испорачани при преселбата на Министерството. При дополнително направена анализа, направени се заштеди од 10 до 45 проценти по производ споредено со пазарните цени, нешто што никогаш не било случај во време на владеењето на СДСМ. И втората набавка, за проект кој СДСМ го блокираше, е мала набавка во која исто така се постигнати пониски цени од пазарните за до 40 отсто, рече министерот за дигитална трансформација.

Андоновски додаде дека државниот секретар во Министерството не учествува во ниту еден постапка за јавна набавка, во ниту една фаза, а нејзиниот ангажман е во административно-буџетско работење на Министерството, па затоа не постои простор за судир на интерес или влијание на постапката од нејзина страна.

-Лага бр 2 е дека јас имам некаква вмешаност во изборот, техничката спецификација или севкупно набавката. Таа ја вршат стручни и објективни членови на комисии, а нивната работа се цени по тоа што нема ниту една жалба за набавката. Од друга страна, немам законска можност или простор за истражување на контактите на секој вработен во Министерството со приватни компании. СДСМ треба да знае дека доколку при соодветно исполнети услови, се пристапи кон поништување на постапката, Министерството се изложува на можности за тужби и сносење судски трошоци, нешто што било негативна пракса претходно и за која се уште плаќаме, рече Андоновски и ги повика ДКСК или Јавното обвинителство доколку сметаат, да ги истражат сите наводи кои би се сметале за спорни.

Тој воедно ги повика СДСМ за изнесените невистини и лаги и на денешната прес конференција да се извинат, во спротивно, најави дека ќе ја искористи можноста да побара нивна одговорност за навреда и клевета пред судовите.

На новинарско прашање министерот Андоновски изјави дека до потписот на јавната набавка не знаел дека постои ваква фирма, но заради презимето истражил и, вели, „бев ставен во една ситуација да доколку ја поништам постпаката, го ставам и Министерството на трошок да се спроведуват судски постапки коишто биле пракса во минатото и да плаќаме пенали, затоа што фирмата ги исполнува сите законски услови и нема ниту една законска пречка зошто таква фирма не треба да учествува на јавна набавка“.

-Уставно право е на секој граѓанин да учествува во правниот промет и доколку нема таков тип на пречки, да речеме некој бил член на комисија итн. ние сите потпишуваме изјави за судир на интереси. И во овој случај ниту еден дел од мојата изјава за судир на интереси и од изјавата за судир на интереси на вработените коишто учестувале во постапката не е прекршен, наведува Андоновски.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска порано денеска обвини дека во Министерството  за дигитална трансформација каде втор човек е државниот секретар – Гордана Клинчарова, тендери добива Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, фирма на нејзиниот сопруг, Мартин Клинчаров. Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари или околу 40.000 евра. И вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари, обвинуваат од СДСМ. Само од овие два тендери, кажа таа, преку ова Министерство, околу 50.000 евра завршиле кај фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во истото Министерство.

-Очигледно, не постои случајно избрана фирма кога се работи за тендерите на ДПМНЕ. Денешниот скандал е пример за директен конфликт на интерес, непотизам и основано сомнение за корупција во Министерството за дигитална трансформација водено од Стефан Андоновски, рече на денешната прес-конференција портпаролката Кузеска.

Фото: скриншот

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ