• Latest

Андоновски: Украина, за разлика од Русија, продолжува да биде нација управувана од и за народот, а не од диктатор за своја лична корист

February 27, 2023

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Андоновски: Украина, за разлика од Русија, продолжува да биде нација управувана од и за народот, а не од диктатор за своја лична корист

February 27, 2023 09:14
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Целосната руска инвазија на Украина веќе една година покажа дека Украина е упориште на демократијата. Пропаднаа плановите на Кремљ да ја уништи украинската државност. Украина никогаш нема да се откаже од слободата, хуманоста, почитувањето на поединецот, следењето на државните обврски и меѓународното право. Украина, за разлика од Русија, продолжува да биде нација управувана од и за народот, а не од диктатор за своја лична корист, рече Јован Андоновски, Заменик на народниот правобранител,  на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

  • На 24 февруари 2023 година ќе се одбележи една година од почетокот на целосната инвазија од Русија на Украина. Единствената причина за оваа неиспровоцирана агресија беа нео-империјалните и експанзионистичките амбиции на руската држава и нејзиното највисоко раководство. Путин направи фатална грешка.
  • Руската пропаганда тврдеше дека Украина ќе трае само неколку дена. Во реалноста, Украина не само што ја запре инвазијата, туку и успеа да ослободи речиси половина од новоокупираните територии преку успешни контраофанзиви.
  • Сега е потребно повеќе оружје, особено артилерија и муниција, тенкови, ракети со долг дострел и борбени авиони за да се врати агресорот до меѓународно признатите граници на Украина.

Не прашувајте колку долго ќе трае оваа војна, вели Андоновски, прашајте како да и помогнете на Украина да победи побрзо. Колку побрзо и повеќе безбедносна помош добие Украина сега, толку побрзо војната ќе заврши со сеопфатен, праведен и траен мир. Ниту Украина, ниту кој било друг не е заинтересиран за долготрајна војна на трошење што ќе ги зголеми жртвите и ќе бара дополнителни ресурси.

  • Украина јасно стави до знаење дека нема да прифати мир по секоја цена. Тие нема да се согласат со ништо што ги држи украинските територии окупирани и го става украинскиот народ на милост и немилост на агресорот. Русија мора да биде запрена сега бидејќи смирувањето на агресорот би довело до повеќе злосторства на друго место.
  • Русија не ги промени своите планови за уништување на Украина. Секој пат кога Русија цинично повикува на „преговори“, нејзините окупаторски сили го прават токму спротивното и се обидуваат да тргнат во офанзива. Кремљ продолжува со својата мобилизација и набавка на оружје и муниција.
  • Русија продолжува да работи со авторитарни земји како Иран, Северна Кореја и Белорусија, чија земја ја користеше за да изврши целосна инвазија пред една година и сè уште ја користи за обука и логистика. Меѓународната заедница мора да го зголеми притисокот врз терористичката држава, нејзините полномошници и секој кој и помага на Русија да ги заобиколи санкциите.
  • Украина продолжува да се бори за слобода. Ќе се борат онолку долго колку што е потребно за да победат бидејќи, соочени со руската геноцидна агресија, немаат друг избор освен да победат.
  • Украина може и ќе ја добие оваа војна. Украинците се длабоко благодарни на сите нивни сојузници и на сите мирољубиви држави во светот кои има даваат поддршка. Повеќе поддршка сега значи побрза победа и мир.
  • Украинската формула за мир се состои од десет различни точки кои, кога ќе се применат, ќе донесат сеопфатен, праведен и долгорочен мир во Украина и безбедност на целиот свет.
  • Нема друг начин да се стави крај на воената закана на Русија за нејзините соседи и европскиот начин на живот освен да се победи на бојното поле во Украина.
  • Оваа војна не е само за Украина. Бруталниот напад на Русија ја уништи глобалната безбедност и ги загрози сите народи. Оваа војна мора да заврши со триумф на меѓународното право и Повелбата на ОН. Правдата мора да се врати за Украина, Европа и целиот свет.
  • Секој руски воен злосторник мора да биде казнет. Формирањето на Специјалниот трибунал ќе овозможи политичкото и военото раководство на Русија да биде кривично гонето за најтешкото злосторство, агресијата. Украина работи активно со партнерите за формирање на Трибуналот и ја заслужува целокупната поддршка.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ