• Latest

Ангеловска-Бежоска се сретна со високи претставници на ММФ и Светската банка

October 14, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ангеловска-Бежоска се сретна со високи претставници на ММФ и Светската банка

October 14, 2018 13:30
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Гувернернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), се сретна со извршниот директор на ММФ, Ентони де Ланој, директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, Пол Томсен, извршниот директор на СБ, Франк Хемскирк, потпретстедателот на СБ, Сирил Мулер, потпретседателите на ИФЦ, Џорџина Бејкер и Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, како што информираат од НБРМ, одржала состаноци и со раководителите на неколку дирекции на ММФ, вклучувајќи ги дирекциите за статистика, за монетарни и капитални пазари и за фискални работи. За време на овие состаноци се разговарало за постигнатите резултати од досегашната успешна соработка со ММФ и можностите за дополнително унапредување на работата на НБРМ, преку техничка и советодавна соработка во областите на стандардите за статистичко известување и унапредување на моделите за економско проектирање.

Заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерката на НБРМ ја предводеше делегацијата на Република Македонија на годишните средби на ММФ и Светската банка, кои годинава се одржаа во Индонезија. На настанот учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии на земјите членки на ММФ и СБ. Дискусиите беа поврзани со одржливиот раст на економијата на светско, регионално и државно ниво, намалувањето на сиромаштијата и промовирањето инклузивен развој за сите целни групи во општеството, посочуваат од НБРМ. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Анита Ангеловска-БежоскаММФСветска банкасредба
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result