• Latest

Анѓушев: Има заинтересирани инвеститори за „Колска“ и „Еурокомпозит“

June 3, 2018

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Анѓушев: Има заинтересирани инвеститори за „Колска“ и „Еурокомпозит“

June 3, 2018 15:10
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Државата распиша повик за  избор на меѓународни консултанти кои ќе изработат документација за приватизација на велешката фабрика за шински возила „Колска“, прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ и ски центарот Попова Шапка.

– Се распишува тендер  за консултантски услуги за да се изработи професионален дју дилинџес, правен, технички и финансиски, за секој  кој ќе сака да влезе во приватизацијата на овие компании има транспаретни податоци  еднаква почетна стартна позиција. Сакаме да избереме меѓународни  професионални консултантски куќи од редот на најголемите за тие извештаи да бидат валидни и атрактивни за сите странски инвеститори, информира денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.

Како што потенцираше, и за „Колска“ и за „Еурокомпозит“ има иднина и заинтересирани инвеститори и во тие капацитети ќе биде потребен и поголем број од сегашните вработени.

– Вработените не само  што ќе останат, нормално тие кои ќе го сакаат тоа, туку и ќе бидат малку, бидејќи и во едната и во другата фабрика за да се одвива технолошкиот и производствениот процес во целост  недостасуваат вработени, доколку се воспостави активноста така како што треба. Длабоко сум убеден врз база на  тоа што го имам како сознание и интерес од компаните од светот дека и „Колска“ и „Еурокомпозит“ имаат иднина и оти дополнително ќе вработуваат,  пред се млад и стручен кадар кој ќе биде потребен за обновување на технолошкиот  процес, изјави Анѓушев.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека се разгледува барањето на земјоделците за владина помош поради ниската откупна цена на јачменот со Програмата за поддршка на земјоделството.

– Сметаме дека Програмата за поддршка на земјоделството треба да претрпи подлабоки реформи, министерот за земјоделство и неговите соработници посветено работат на тоа, јас сум вклучен во таа работа, и ќе предложиме мерки  кои ќе бидат поповолни за земјоделците. Сета помош која е дадена кон земјоделците годинава е значително поголема од која било помош која е дадена досега, а за разлика од порано таа стаса до реалните земјоделци, наведе Анѓушев. (МИА)

 

Tags: „Еурокомпозит“„Колска“заинтересирани инвеститориКочо Анѓушев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ