• Latest

Анѓушев: Реализираме низа енергетски проекти за поголема конкурентност

November 15, 2019
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Анѓушев: Реализираме низа енергетски проекти за поголема конкурентност

November 15, 2019 11:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изградбата на гасен интерконектор помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект со кој се обезбедува повисока конкурентност за снабдување со природен гас, порача вицепрмеиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на панелот „Енергетски безбедносни предизвици во Источниот Медитеран“, што се одржа во рамките на Самитот во Солун.

„Во моментов се реализират градежни работи за комплетирање на примарниот гасоводен систем во Северна Македонија, со кој во системот ќе бидат поврзани сите поголеми градови во земјата, но за да биде комплетен проектот за гасификација, потребно е да се обезбеди и дополнителен снабдувач со гас, покрај моменталната гасоводна цевка со која се обезбедува гас од Република Бугарија. Токму поради тоа во насока на подигнување на конкурентноста во снабдувањето, изградбата на гасоводот со Грција е клучен проект“, рече Анѓушев.

Република Северна Македонија, посочи тој, е подготовена да започне со овој проект, обезбедени се финансиски средства, изработена е физибилит студијата, проектирана е трасата и во тек е изработката на основниот проект и студујата за заштита на животната средина кои ќе бидат готови наскоро, а јавниот повик би требало да се објави на почетокот на 2020 година.

Осврнувајќи се на проектите поврзани со електричната енергија, вицепремиерот посочи дека за стабилноста на енергетските системи е важно да се дискутира за енергетската инфраструктура, изворите за производство на електрична енергија, како и за либерализација на пазарите.

„Сметам дека преносните електроенергетски системи на Балканскиот Полуостров се сосема добро развиени да обезбедат сигурност на мрежата, но колку повеќе преносни мрежи имаме, дотолку подобро, за да ги обезбедиме и прекуграничните капацитети помеѓу земјите“, рече Анѓушев.

Кога зборуваме за изворите за производство на електрична енергија во светот, додаде, сега се користи терминот „енергетска транзиција“, кој подразбира премин од конценционалните извори, како централи на јаглен или друг вид на фосилно гориво, во производство од обновливи извори (ОИЕ).

„Сметам дека Северна Македонија е добар пример на земја која започна да ја применува оваа транзиција, во моментов се одвиваат проекти за зголемување на производството од фотоволтаични централи, на принцип на премиуми. Изненаден сум од интересот и подготвеноста на инвеститорите, кои не само што се подготвени да градат фотонапонски електрани по минимални премиум тарифи, туку и се подготвени да градат без никаков премиум, па и да се наддаваат за да ја добијат локацијата за изградба на ваков тип централа“, посочи Анѓушев.

Покрај зголемувањето на производството од фотоволтаици, потенцира вицепремиерот, работиме и на зголемување на производството од ветернии електрани и од мали хидро централи, од кои веќе над 70 се во функција, а околу 35 во градба.

„Од моменталните 100 мегавати инсталирана моќност од обновливи извори, со проектите кои ги планираме и реализираме ќе стигнеме до инсталирана моќност од околу 400 мегавати, што е за четири пати повеќе“, посочи вицепремиерот Анѓушев.

Тој нагласи дека во догледна иднина го гледа регионот на Југоисточна Европа како единствен пазар на електрична енергија, со една берза за струја, што ќе донесе бенефит за сите граѓани во сите земји од регионот.


извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ