• Latest

Анкета: Граѓаните знаат да живеат заедно, политичарите се виновни за етничките поделби

December 18, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Анкета: Граѓаните знаат да живеат заедно, политичарите се виновни за етничките поделби

December 18, 2020 13:21
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Обичните граѓани знаат да живеат заедно, меѓутоа политичарите се виновни за етничките поделби во нашето општество, сметаат граѓан(к)ите на Скопје кои екипата на ЦИВИЛ ги праша – Дали има етнички поделби, кој ги предизвикува и како да се надминат тие поделби?

„Политичарите влегуваат во политиката како голтари, а излегуваат како милионери. И лесно е со овој сиромав и напатен народ да се манипулира кога си енормно обогатен преку ноќ. Секој ден гледаме како се случуваат некои работи и како политичарите се поштедени, а цехот го плаќа обичниот народ“, вели еден граѓанин.

„Со етничките поделби доаѓаат лошите работи, зошто да не живееме сите заедно кога сите сме од крв и месо. Треба да живееме сите сложно, меѓутоа има разни карактери и не може да ги ускладиш да биде баш така како што сакаме ние“, вели една граѓанка.

„Обичните луѓе треба да живеат како што живееја со години, а тие таму што ги прават етничките поделби заради некои други интереси ќе си продолжат така, бидејќи тоа е од век и веков. Но, народот треба да живее во слога. Јас сум живеелеа во турско маало и со сите сме се дружеле и како дете сум научила турски јазик. Денес се дружам со сите, до сите етнички и верски заедници и немам никакви проблеми, сè си тече нормално. Животот кај обичните луѓе не е проблем, обичните луѓе брзо си воспоставуваат комуникација, но некој друг ги тера да создаваат омраза“, потенцира една граѓанка.

„Етничката омраза ќе се надмине ако луѓето сами се надминат, односно да не мислат само на себе туку да мислат и на другите“, вели една граѓанка.

Еден граѓанин смета дека етничките поделби ги прават оние кои без никакво образование влегуваат во парија и не знаат што е политика.

текст и монтажа: Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
фотографија: Џабир Дерала


Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.



Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ