Желбата трајно да се иселат од Македонија ја делат 39,2 % од граѓан(к)ите! Тој процент е највисок меѓу младите на возраст од 15 до 20 години, од кои дури 61% би ја напуштиле државата засекогаш. Ова го покажува последната анкета на „М-проспект“, спроведена телефонски на 1.000 испитаници.
Тоа што загрижува е податокот дека не се само младите оние кои сакаат да си заминат. За иселување размислуваат и граѓан(к)ите на возраст од 35-54 години, старосна група во која е сместен најголемиот работоспособен потенцијал во една држава.
Според податоците, може да се очекува, во текот на 2017 година, уште 160.000 граѓани да ја напуштат Македонија.
Како причини за напуштање на Македонија, 50% од испитаниците го наведуваат животниот стандард и можноста да се најде работа во странство. За речиси 15 проценти од накетираните, причина за иселување е политичката состојба
На прашањето – Дали може да се напредува во Македонија со напорна работа? – речиси половина од испитаниците (49%) одговориле дека сметаат дека не може да се напредува!
Според етничкиот параметар, процентот на граѓан(к)и кои би заминале од земјата е поголем кај Македонците – 40%, а кај Албанците – 31%.