• Latest

Антикорупциска ќе поднесе жалба на одлуката на Управниот суд за Ѓорге Иванов

September 23, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Антикорупциска ќе поднесе жалба на одлуката на Управниот суд за Ѓорге Иванов

September 23, 2019 15:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поднесе жалба на одлуката на Управниот суд, што пресуди во полза на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Тој поднесе тужба против ДКСК, која поведе прекршочна постапка против него за унапредувањата во Армијата.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска денеска изјави дека ќе поднесат жалба до Вишиот управен суд.

„Управниот суд ја разгледуваше тужбата на Иванов и ја уважи, нас ни достави судска одлука, за која што имаме правен лек, да доставиме жалба, така што ние ќе си го искористиме тоа право, ќе ја аргументираме жалбата, од аспект на важечките прописи во нашиот закон и ќе доставиме жалба до Вишиот управен суд“, изјави денеска претседателката на ДКСК Ивановска.

Таа оценува дека во оваа судска одлука е постапено од аспект на формата.

„Дали сме требале или не сме требале да го повикаме претседателот како странка во нашата постапка, повеќе е од аспект на процедурално постапување од наша страна, за што ние си имаме наш став и сметаме дека ние сме постапиле во ред. Меѓутоа сето тоа ќе го аргументираме и ќе го напишеме во нашата жалба“, рече таа.

Во образложението на Управниот суд се наведува и дека на Иванов му било оневозможено да ги изложи своите аргументи како одбрана пред Антикорупциската комисија, а исто така не му било доставено и нејзиното решение, туку било само објавено на веб-страницата на Комисијата.

„Врз основа на наведеното, Судот утврди дека тужениот орган при водење на постапката не го почитувал членот 33 ставот 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и не го повикал тужителот на денот на одржувањето на јавната седница, со што го повредил начелото на еднаквост во постапката и му го ускратил правото да ги изнесе аргументите поткрепени со факти и докази. Исто така, тужениот орган сторил повреда и на ставот 6 од истиот член, кога не ја доставил одлуката до тужителот, од причина што истата само ја објавил на веб-страната на ДКСК, согласно член 22 став 7 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а не се обидел да ја достави, имајќи предвид дека истата утврдува дека ќе иницира прекршочна постапка“, се наведува во образложението од Управниот суд.


Извор МИА

Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ