• Latest
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Антикорупциска поведе прекршочни постапки за непотизам

April 24, 2019
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Антикорупциска поведе прекршочни постапки за непотизам

April 24, 2019 17:17
in ВЕСТИ
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

По анализата на 18-те случаи за непотизам при вработување од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница беше соопштено дека комисијата ќе се обрати до надлежните министерства со предлог да се направи анализа на законите што регулираат вработувања во јавниот сектор, со цел да се утврдат ризиците за влијанија и злоупотреба на дискреционите овластувања во процесот на вработување, за што ќе ги извести и Владата и Собранието.

– Како основна алатка за избор на кандидатите се користи интервјуто, не се утврдени критериуми за евалуација на личните и стручните квалификации на кандидатите, ниту има пракса за подготвување ранг листа. Имајќи предвид дека со законските акти не е утврдена обврска за усвојување процедури за спроведување на постапките за вработување, дискреционото право на одговорносто лице се користи во најголем број на случаите – појасни претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Taa додаде дека согласно законските акти, одбиените кандидати кои конкурирале на огласите добиле само известување дека се одбиени, без можност да се  жалат, ниту да користат каков било друг правен лек.

На седницата беше потенцирано дека два од 18-те предмети се веќе затворени поради отсуство на елементи врз основа на кои може да се утврди влијание на носител на јавна функција во постапките за вработување блиски лица.

Се работи за Сара Александрова, ќерка на пратеничката Емилија Александрова, за вработување во Фондот за иновации и технолошки развој. Имено, таа никогаш ниту се јавила на оглас, ниту била вработена во Фондот. Вториот е за Лила Пекевска, сопруга на градоначалникот на Берово, за што не е утврдено влијание во постапката за вработување. Таа работела во училиштето на определено време од 2015 година и нејзиниот работен однос е трансформиран во неопределено време.

ДКСК ќе поведе прекршочна постапка против министерот за економија Крешник Бектеши бидејќи не пријавил дека неговата сестра Влора Бектеши сега вработена во МЕПСО, живее на иста адреса со него и не ја испочитувал обврската да ја извести комисијата за вработување на член од семејството во државниот сектор.

За два предмети ДКСК се уште чека податоци од МВР поради класифицираност на документите.

– За пет случаи не се потврдуваат наводите за влијание за вработување – потенцира претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Не се потврдуваат кај Цветан Велевски, брат на пратеничката Мира Стојчевска, за вработување на работно место бравар-кранист на опредлено време АД. ЕЛЕМ подружница РЕК Битола, кај Бесија Џафери, ќерка на Талат Џафери за вработување како референт за подготовка меѓународни тендери во  ЕЛЕМ, потоа кај Кристијан Мисовски за вработување во Агенција за супервизија на осигурување – Скопје, Иљо Стојчевски, сопруг на пратениката Мира Стојчевска за влијание за унпрадување во командир на Шумска полиција во Берово. Потоа Надица Делкова, сопруга на градоначалникот на Неготино вработување во ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Дисан.

Од извршената анализа, посочи Ивановска, во останатите девет предмети констатирано е дека во шест случаи има промена во актите за систематизација во смисла на наменско креирање на работни места непосредно пред објавувањето на огласите.

Во два случаи, објавениот оглас не е во согласност со условите утврдени со систематизацијата, туку со услови што ги исполнува кандидатот.

Статистички гледано вработени се 11 блиски лица на седум пратеници, две на двајца министри, три блиски лица на тројца градоначалници, сите остварени врз основа на Законот за работни односи, за основно образование, за административни службеници и Закон за внатрешни работи.

Најголем број на вработувањата седум во АД. ЕЛЕМ, по две се во основни училишта, во МВР, Централен регистар, едно во општина, едно вработување во МЗШВ, едно вработување во училишен дом, едно во МЕПСО, едно во Агенција за супервизија и едно вработување во Фондот за иновации и технолошки развој.

Ивановска напомена дека ова се првите 18 случаи, но ДКСК ќе излезе  наскоро и 42-та случаи за вработувања отворени по сопсвена иницијатива и допрен глас.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ