Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните да пријавуваат случаи на бездомништво во Црвениот крст и во центрите за социјална работа.
Како што соопштија од Министерството, апелот е поради неповолната временска состојба и минусните температури, а дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток – Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што минатата есен беа отворени во Струга, Битола и Струмица.
Граѓаните ќе можат да пријават и да помогнат на бездомник на контакт телефоните на дежурните екипи во:
Скопје,
Црвен крст – 071 733 171, 023096 227
ЦСР-078 230 943, 076 381 762
Струга,
Црвен крст 070 249 733
ЦСР- 075 588 980
Битола,
Црвен Крст – 075 907 060
ЦСР- 071 342 492
Струмица,
Црвен Крст 070 253 441
ЦСР- 075 377 798.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.