„Мислам дека минатата година изгубивме премногу време, со целиот тој трансфер на власта што беше особено тежок процес“ вели универзитетската професорка Беса Арифи, во разговор за ЦИВИЛ Медиа, во Перспективи 2018.
„Мислам дека 2018 година ќе биде година на конечни исчекори напред, бидејќи веќе сите услови се тука, новата влада веќе фукционира и нејзиниот легитимитет е потврден и со локалните избори. Повеќе нема место за објаснувања зошто би требало да бидат воздржани или, пак, да заостанеме во одредени процеси. Секако 2018 година ќе биде клучна за реформите коишто треба да се случат и за сите тие чекори коишто треба да ги исполниме во однос на напредокот во реформите во судството, во разузнавачките служби и јавната администрација, со цел да се достигнат тие приоритети коишто треба да бидат достигнати и да ги фатиме последните возови за интеграција во ЕУ и НАТО. Мислам дека ова ќе биде клучна година којашто мора да ја искористиме добро, како политичарите, така и ние како општество за да вршиме доволно притисок врз оние коишто не водат за да не ги испуштиме шансите коишто повторно ни се дадени“, потенцира Арифи.
Овој разговор е дел од серијата видео-изјави под заеднички наслов „Перспективи 2018“ во кој учествуваа околу 20 врвни експерти и претставници на граѓанското општество. „Перспективи 2018“ е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монатажа и фотографија: Маја Ивановска