• Latest

АРМ годинава унапреди девет жени, по долго време има и жена полковник

August 19, 2018
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
Скриншот од видео на
Times News

Украина не треба да му дава ништо дополнително на „терористиот“ Путин- изјави Зеленски, додека Трамп вели дека Путин „ќе земе нешто“

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

АРМ годинава унапреди девет жени, по долго време има и жена полковник

August 19, 2018 09:27
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Девет жени во Армијата на Република Македонија оваа година добија унапредувања, а по долго време една припадничка на женскиот пол беше промовирана во чин полковник.

Три припаднички на понежниот пол беа унапредени во чин потполковник, една во мајор, две во чин капетан и две во повисоки подофицерски чинови.

Офиерка на АРМ

Во воените сили, кои се грижат за безбедноста на граѓаните на земјава има вкупно 903 офицери, од кои 124 се жени, односно 13,7 отсто. Од вкупно 1.610 подофицери, 179 се жени, што е 11,06 отсто.

Министерската за одбрана Радмила Шекеринска во разговор за МИА вели дека Министерството за одбрана ја промовира родовата застапеност и во хоризонтала и во вертикала и додава дека секоја од унапредените припаднички на АРМ потполно ги исполниле условите за унапредување и покажале дека тоа не е недостижно за жени.

Офицерка на АРМ

– Ми беше посебно задоволство што во првата година на мојот мандат ја добивме првата жена-пилот во армијата. Најголемиот предизвик е да се зголеми интересот за воената професија меѓу жените и да се промовира родовата застапеност. Затоа е важно што годинава зад нас успеавме да постигнеме рекордни 50 проценти застапеност на жени кај примените питомци во Воената академија. Со тоа се разбива досегашниот стереотип дека војската е машка професија. Нашиот став е дека воената служба не е исклучиво машка професија и она што дефинира добар војник е дисциплината, знаењето, посветеноста и истрајноста, а не полот. Се стремиме тоа да биде валутата за успех во рамките на Армијата на Република Македонија, нагласува министерката за одбрана Шекеринска, која е прва жена на чело на Министерството за одбрана.

Офицерка на АРМ

Вели дека за неа е предизвик да биде на оваа позиција и изразува гордост поради тоа што Македонија за време на нејзиниот мандат ја доби долгоочекуваната покана за членство.

– Република Македонија прв пат има жена на чело на Министерството за одбрана. За мене тоа е предизвик, но не ми е првпат да учествувам во кршење на табуата и т.н “стаклен плафон”. Мојата цел да бидам најдобар министер за одбрана и да ги постигнам резултатите кои граѓаните ги очекуваат од мене. Горда сум што токму во мојот мандат успеавме да ја обезбедивме НАТО поканата за Македонија. Горда сум што ги донесовме двата клучни стратегиски документи во одбраната, кои моите претходници-мажи ги одлагаа. Горда сум што жена успеа да се избори за повеќе средства за одбраната и десет процентно зголемување на сите плати во АРМ, истакнува Шекеринска во разговор за МИА.

Нагласува дека стереотипите и предрасудите не се уриваат со зборови туку со дела и резултати.

офицерка на АРМ

„За жал во ова општество ние жените мораме многу повеќе да се докажуваме од мажите. Зборовите на Маргарет Тачер секогаш се покажуваат точни: Доколку сакаш нешто да биде кажано, остави му го тоа на маж. Доколку сакаш нешто да биде сработено, остави го тоа на жена, додава Шекеринска.

Министерството за одбрана интензивирано работи на родовата еднаквост во неговите структури, што всушност треба да се случува и на ниво на сите државни органи, откако Македонија конечно ја ратификува Истанбулската конвенција.

Шекеринска потенцира дека родовата еднаквост е важна не само за жените, туку и за државата. Сите истражувања (Светска банка, Европскиот институт за родова еднаквост и други), додава таа, докажуваат дека постои директна корелација помеѓу родовата еднаквост и економскиот раст и развој на едно општество. Повеќе шанси и простор за жените значи и поголем економски раст и поправедно општество. Родовата еднаквост е важна и во одбраната и тоа го истакнуваат документите на ООН, но и НАТО.

Прослава на АРМ-Шекеринска Говор

Во доменот на одбраната, клучен документ е резолуцијата 1325 од 31 октомври 2000 година на Советот за безбедност на ОН. Во оваа резолуција јасно се дефинира улогата на жената во разрешувањето на конфликти, мировните преговори и процеси, мировните мисии и хуманитарните одговори. Резолуцијата ја потенцира важноста за подеднакво учество на жените за зачувување на безбедноста и одбраната. Министерството за одбрана активно учествуваше во изготвувањето на Националниот акциски план за жените, мирот и безбедноста (2018-2022) за имплементација на Резолуцијата на ОН 1325.

Шекеринска додава дека во духот на Резолуцијата на ОН 1325, во рамки на Министерството за одбрана беше формирана работна група од експерти која изработи Упатство односно интерна процедура за заштита од вознемирување на вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Во врска со активностите за спречување на дискриминацијата по род и пол, министерката истакнува дека постои механизам за превенција на овие негативни појави, како и систем за справување со инциденти од овој каратер и санкции за чинителите.

„Целта не е јас како жена да ги истакнам овие проблеми во текот на мојот мандат, туку да се создадат услови за континуитет во поглед на родовата застапеност и родовите перспективи во Армијата на Република Македонија, нагласува министерката за одбрана Радмила Шекеринска во разговор за МИА. 

Ана Цветковска за МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ